Шефот на Либиската национална армија, Халифа Хафтар, го објави почетокот на операцијата за ослободување на либискиот пристанишен град Дерна од исламистите.
Дерна е под контрола на коалиција на исламистички милиции. Тоа е единствениот град во источна Либија, кој сега не е под контрола на Либиската национална армија на Хафтар.
Дерна се наоѓа на повеќе од 1.000 километри источно од главниот град Либија, Триполи. (MИА)