• Latest

Потпишани 19 договори како дел од програмата „ЕУ за општините“ и прекуграничната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија

March 23, 2022

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Потпишани 19 договори како дел од програмата „ЕУ за општините“ и прекуграничната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија

March 23, 2022 13:54
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како дел од програмата „ЕУ за општините“ и програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија денеска беа потпишани вкупно 19 договори, од кои осум се наменети за македонски општини, а 11 грантови за реализација на проекти дел од прекуграничната соработка со Албанија.

Министерството за локална самоуправа на Северна Македонија и Швајцарската агенција за соработка кофинансираат до 15 проценти од вкупните прифатливи трошоци на овие грантови.

– По интензивниот период на подготовки и формално одобрување, денеска имаме задоволство да го означиме почетокот на 19 нови проекти сите финансирани од ИПА инструментот на Европската Унија. „ЕУ за општините“ е нова програма, со којашто на општините им обезбедивме вкупно 5,5 милиони евра за финансирање на осумте одобрени проекти, информираше министерот за локална самоуправа, Горан Милевски на денешното потпишување на договорите.

Милевски нагласи дека проектите се наменети за подобрување на условите за заштита на животната средина, зголемување на мобилноста, подобрување на социјалните услуги, воведување на електронски услуги. Велес, Радовиш, Тетово, Аеродром, Скопје, Врапчиште, Охрид, Струмица се општините во коишто ќе се имплементираат овие проекти.

Во однос на кофинансирање на 11 проекти за прекугранична соработка со Албанија, вкупната вредност за двете држави е 10,7 милиони евра, грант на ЕУ.

– Половина од овие средства, преку проекти ќе се реализираат во нашата држава. Проектите се партнерски и тоа е нивната додадена вредност, имплементираат општини, установи, граѓански организации и со нив се подобруваат условите за живот во Охрид, Битола, Могила, Демир Хисар, Маврово Ростуше, Крушево, Ресен, Струга, Врапчиште и Боговиње, најави Милевски.

Амбасадорката на Швајцарија во земјава, Вероника Хулман Марти истакна дека демократијата започнува од локалното ниво и соработката со локалните општински институции е важна за сите држави, бидејќи тука се практикува демократијата преку директно влијание врз одлучувањето за подобри јавни услуги и како се искористуваат јавните финансии.

– Процесот на децентрализација изискува долгорочни заложби и одржување на ниво на напори, капацитети на општините, со што ќе станат финансиски и политички независни, со цел да обезбедат соодветни услови на граѓаните, додаде швајцарската амбасадорка.

Таа посочи дека Швајцарија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во агендата за децентрализација, во блиска соработка со централната и локалната власт.

Претседателката на ЗЕЛС, воедно и градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска во своето обраќање посочи дека општините имаат иновативни концепти, но потребна е поддршка за да можат да ги реализираат проектите.

– Големиот одзив на општините во јавниот повик имаше околу 60 доставени апликации и покажа дека знаеме и можеме да работиме, но и да им дадеме квалитетни услуги на граѓаните. Потребно е локалната власт да има континуирана поддршка, со цел да се имплементираат сите барања на граѓаните, додаде Арсовска.

Евроамбасадорот Дејвид Гир истакна дека приоритетите на ЕУ се јасни – промовирање и подготовка за зелена трансформација и иновација и дигитална трансформација, а притоа охрабрувајќи народни партнерства и добрососедски односи.

Гир вели дека Зелениот договор е повеќе од политичка амбиција и оти се работи за нов концепт за зелен и одржлив развој.

– Во 2021 година започнавме со нова иницијатива за локалната самоуправа. Беа потпишани договори со осум општини во вредност од околу пет милиони евра за обезбедување локални услови и циркуларната економија. Дополнително, 8,8 милиони евра се доделени преку програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија, потсети Гир.

Евроамбасадорот најави дека ЕУ ќе обезбеди грантови за неколку општини за подобрување на енергетската ефикасност на јавните згради.

– Инвестициите во иновација и зелена економија е европски приоритет, но мора да дејствуваме сите заедно, додаде тој.

Конференцијата продолжи со вториот дел на која ќе бидат претставени тематските платформи за вмрежување во секторите кои се приоритет за општините во Северна Македонија, односно дигитализација, управување со отпад и урбана мобилност. Овие сектори се дел од Европскиот зелен договор и општините Аеродром, Охрид, Радовиш, Струмица, Тетово, Велес, Врапчиште и Град Скопје со помош на грантовите од ЕУ ќе подготват и спроведат соодветни иновативни решенија.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ