Густиот црн чад што попладнево се издига во центарот на Скопје, е од пожар во кругот на поранешната фабрика „Треска“, потврдија за МИА од Противпожарната единица на Град Скопје.
Од ЦУК информираа дека гори магацин во кругот на поранешната фабрика „Треска“. Огнот зафатил и пластични материјали, дрва, грмушки и отпад, што го предизвикува густиот црн чад во центарот на Скопје.
Од Противпожарната единица на Град Скопје потврдија дека на местото на пожарот се упатени екипи и возила од сите противпожарни станици во Скопје.
Досега нема пријава за повредени лица во пожарот што избувна попладнево во кругот на фабриката „Треска“, информираат од МВР.
Полициски екипи се на терен, сообраќајот се пренасочува, а се врши и евакуација на жителите од околните станбени објекти.
Пожарот бил пријавен на бројот за итни повици 112 во ЦУК и веднаш е интервенирано.
На терен се екипи со шест противпожарни возила. Побарани се и доплнители возила за гасење на пожарот.