• Latest

Позитивните ефекти од Договорот од Преспа тема на фестивалот на подмладокот на СИРИЗА во Атина

September 29, 2019
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Позитивните ефекти од Договорот од Преспа тема на фестивалот на подмладокот на СИРИЗА во Атина

September 29, 2019 10:12
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

За важноста на Договорот од Преспа, не само за двете земји, туку и за целиот регион, но и за отворената можност за комуникацијата меѓу двата народи, особено меѓу младите по постигнувањето на решението, говореа Ивана Туфегџиќ, пратеничката од коалицијата на СДСМ и поранешниот шеф на грчката дипломатија, сега пратеник од СИРИЗА, Јоргос Катругалос на панел дискусија во рамките на фестивал „Спутник“ организиран од подмладокот на СИРИЗА што викендов се одржува во Атина, а нивните ставови ги пренесоа и во разговор со дописничката на МИА од Атина.

На четвртото издание на фестивалот, Северна Македонија имаше свои претставници, како пратеничката Туфегџиќ , така и претседателот на Социјалдемократската младина кои изразија надеж дека нивното прво учество на фестивалот и контактите со подмладокот на СИРИЗА ќе бидат почеток на нова и плодна соработка.

Во обраќањата на панел дискусијата под наслов „Залогот за мир во бурето барут на Балканот“, пратеникот од СИРИЗА, Јоргос Катругалос говореше за историската важност на Договорот од Преспа и можностите што ги отвори и за двете земји и за регионот, како и за грчката надворешна политика, а ја коментираше и позицијата на владејачката Нова демократија, за која рече дека за конкретното прашање се завртила за 180 степени, во однос на предизборните ставови.

Пратеничката од коалицијата на СДСМ во обраќањето, освен што говореше за важноста на Договорот од Преспа, акцентот го стави на младите, велејќи дека тие и од двете страни на границите се соочуваат со исти проблеми, а од особена важност е нивното поврзување и нивната комуникација.

Поранешниот шеф на грчката дипломатија, a сега пратеник и надлежен за надворешна политика во опозициската СИРИЗА, Јоргос Катругалос, во разговор со дописничката на МИА од Атина вели дека фестивалот е добра можност за поголема комуникација меѓу граѓаните од двете земји, по Договорот од Преспа.

“Договорот од Преспа ги постави основите за народите од двете земји да стапуваат во контакт, да ги наоѓаат работите што ги обединуваат, а не оние што ги разделуваат. Сметам дека Договорот од Преспа не одигра важна улога само во високата дипломатија за да запре горчливата билатерална разлика меѓу двете земји, не само што го стабилизираше балканскиот регион, направи нешто уште поважно, им даде можност на граѓаните на Северна Македонија и на граѓаните на Грција да комуницираат, меѓусебно да се разбираат и мислам дека фестивалот „Спутник“ даде добра можност за чекор кон тоа“, вели Катругалос.

Пратеничката од коалицијата на СДСМ, Ивана Туфегџиќ,, во разговор за МИА вели дека ова е почеток на една соработка бидејќи се работи за теми кои што се важни особено во делот на младинските прашања и политики, а токму затоа таа ги спомена младите како централен дел во нејзината дискусија.

„Mислам дека поврзувањето помеѓу младите и запознавањето на младите со различната култура, различните образовни системи, можеби и различните можности за вработување, работнички права итн, мислам дека се важни особено за нас, за да учиме од земја која е веќе членка на Европската унија и наш сосед, а од друга страна мислам дека е важно ваквите соработки да се продлабочуваат на сите нивоа помеѓу политичките партии, помеѓу граѓанското општество, медиумите, синдикатите, стопанските комори, бидејќи е важно, по Преспанскиот договор да отвораме едно ново поглавје, мислам дека е многу важно да бидат ваков тип на размени од кои можеме многу да научиме едни за други“, вели Туфегџиќ.

Во однос на тоа колку младите од двете земји се познаваат, пратеничката коментира дека не се познаваат меѓу себе и треба да се следат примерите од минатото на соработки на ниво на граѓански организации, размени меѓу Универзитетите, меѓу студентите, професорскиот кадар.

Туфегџиќ додава дека тие се отворени за соработка и со сегашната влада на Грција и истакнува дека конкретните работи на кои што се осврна таа се важни за иднината на двете земји во начинот на соработката без разлика која влада е на власт, а договорот не смее да зависи од владите.

На покана на подмладокот на СИРИЗА на фестивалот, за прв пат присуствуваа и претставници на Социјалдемократската младина, a претседателот Дарко Каевски изјави дека со ова започнува една плодна соработка сѐ со цел да спроведат заеднички активности и заеднички да ги презентираат сите придобивки кои произлегуваат од Договорот од Преспа.

Соработката на подмладоците на двете партии нема да заврши со завршувањето на фестивалот на СИРИЗА, смета Каевски додавајќи дека по повод роденденот на Социјалдемократската младина на 9 ноември ќе организираат низа активности и настани, а поканет е и подмладокот на СИРИЗА.

Четвртиот фестивал на подмладокот на СИРИЗА „Спутник“, почна во петокот, а завршува вечерва со обраќање на лидерот на партијата и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас.


Извор МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ