Не функционира веб страницата на Државната изборна комисија на Црна Гора. Во часови кога најмногу е потребна релевантна информација од официјални извори, ДИК на Црна Гора е во (интернет) мрак.
За среќа, изборите ги покриваат и одлично известуваат за текот на броењето неколку невладини организации и медиумите, така што, релевантни информации, сепак, има. Но, како што и на македонската јавност ѝ е познато од минатото, веб страницата на највисокото изборно тело во државата, не функционира. А тоа секогаш е причина повеќе за создавање теории на заговорот.
Партијата „Европа сега“ води на предвремените парламентарни избори во Црна Гора