Последната пресуда за Стевчо Јакимовски, актуелен градоначалник на Општина Карпош и лидер на политичката партија ГРОМ, предизвика силен интерес и реакции во јавноста.
Јакимовски вчера беше осуден на три години и шест месеци затвор поради злоупотреба на службената положба и овластувања. Случајот се однесува на одлуки и постапки донесени во периодот додека ја извршувал функцијата градоначалник.
Со поставувањето на ова прашање, ЦИВИЛ отвора простор за јавна дискусија, поттикнувајќи ги граѓаните да го искажат своето мислење за судската одлука и за тоа дали сметаат дека Јакимовски навистина ќе оди во затвор.
Во меѓувреме, прашањето поставено од ЦИВИЛ ја задржува актуелноста на темата: како граѓаните ја доживуваат оваа пресуда, и какви последици ќе има таа врз политичката одговорност и довербата во институциите?
Редакција ЦИВИЛ Медиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.