• Latest

Пратениците се договорија околу законите од петтиот пакет мерки и продолжија со пратенички прашања

March 25, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пратениците се договорија околу законите од петтиот пакет мерки и продолжија со пратенички прашања

March 25, 2021 15:25
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците попладнево, откако го усвоија дневниот ред на 36. седница, по предлог на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, се договорија да ги повлечат сите точки и да расправаат само за трите закони од петтиот пакет антикризни мерки, како и за Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија.

Тие едногласно, со 87 гласови „за“, без ниту еден против или воздржан, го поддржаа ваквиот предлог на Мицевски.

-Очигледно дијалогот вроди со плод, за да бидеме конзистентни кон 12.000 компании и физичките лица кои вршат самостојна дејност, барам од пратениците да го поддржат предлогот што го даваме неколку дена – за итна помош на компаниите по основ на петтиот пакет мерки. Имаме на оваа седница и наши точки, но подготвени сме да ги одложиме за да поминат овие, за економските мерки. Затоа барам поддршка, за граѓаните да не го гледаат овој театар. Сите точки од дневниот ред да се повлечат и да останат одлуката за кризна состојба, точката за поддршка на физички лица, Предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите, како и Предлог-законот за изменување на Законот за личен доход по скратена постапка. Потоа очекуваме да се закаже и Комисија за финансирање и буџет и да престанеме да бидеме здодевни со нашите игри, истакна Мицевски, образложувајќи го предлогот.

Спикерот Џафери пред да го стави предлогот на гласање, рече дека работите и нештата за функционирање на Собранието треба да се одвиваат внатре, во Законодавниот дом, а не надвор.

-Останав конзистентен на фактот дека процедурите подразбираат одлука на пленумот, а не моја волја. Се што зависи од мене лично ќе биде спроведено во полза на интересот на Собранието, а по ваш избор, подвлече Џафери.

За збор процедурално се јави и координаторот на СДСМ, Јован Митревски со забелешка дека ВМРО-ДПМНЕ можела да ги повлече од неа поднесените точки, а на да бара сега нивно повлекување.

-Сакам да изразам жалење за професионалните војници, за здравствените работници, за Законот за служба во АРМ кој предвидува 25.000 евра отпремнина, што ќе мора да почекаат, рече Митревски.

Димитар Апасиев од Левица, пак, го поздрави договорот постигнат меѓу пратениците, истакна дека победил разумот, но изнесе и конкретен предлог – на седницата да се додаде Предлог-законот за престанок на Законот за попис.

На тоа Џафери рече дека за оваа точка може да се произнесе само предлагачот и го повика Мицевски.

-Реков дека има многу точки предложени од нас. Очекувам да биде закажана итна седница на која Предлог-законот за престанок на Законот за попис ќе биде на дневен ред. Но, не е само ова точка, тука се и интерпелациите на министерот за правда Бојан Маричиќ и на вицпремиерот Љупчо Николовски, како и Информацијата во врска со актуелните состојби во здравството со осврт и на кризата предизвикана од коронавирусот, напомена Мицевски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери образложи дека поради тоа што Предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од корона кризата заради исплата на платите за февруари и март 2021 година, Предлог-законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД-19 за месеците февруари и март 2021 година и Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на личен доход, се во скратена постапка, согласно Деловникот не може да се отвори расправа по нив ако не заврши расправата на комисиите. Тој ги повика Законодавно-правната комисија и другите матични тела да го известат кога ќе се одржат нивните седници за да може да ги извести пратениците за поднесување  амандмани.

Џафери тука ја прекина седницата. Моментно е во тек 37. седница на која се поставуваат пратенички прашања.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ