• Latest

Пратениците во прво читање ги поддржаа измените на Законот за даноците на имот

April 20, 2021
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пратениците во прво читање ги поддржаа измените на Законот за даноците на имот

April 20, 2021 15:48
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието во рамки на 34. седница го усвои Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за даноците на имот, во прво читање и го даде на понатамошна постапка.

Според предложениот текст на Законот се пропишува одредба со која стапките на данокот за недвижен имот кој не се користи од страна на сопственикот или не се издава под закуп подолго од шест месеци во текот на една година, а е во сопственост на државата, во сопственост на општините или на Град Скопје, како и во сопственост на физички и правни лица, да се зголемува за три пати во однос на стапките пропишани со Законот. Во контекст на наведеното, со овие предложени измени на законот, физичките, правните лица, државата и општините по однос на обврските и правата во делот на даноците на имот ги прави целосно еднакви пред Уставот.

Исто така, за три пати во однос на основната, се зголемува стапката на данокот на имот на земјоделското земјиште кое не се користи за земјоделско производство. Оттука, практично во овој дел се предлага да се избрише одредбата со која стапката беше за пет пати повисока.

Дополнително, во предложените измени се пропишува и тоа дека државата, општините и Градот Скопје, како и физичките и правни лица, кои нема да пријават дека одреден недвижен имот не го користат, ќе платат данок кој ќе биде за пет пати повисок од пропишаниот.

Со оглед на тоа што во пракса се покажа дека општинската администрација при администрирање на данокот на промет има проблем со прифаќање на пазарната вредност во случаи кога има Договори за купопродажба каде износот е драстично повисок од проценетата пазарна вредност согласно Методологијата за утврдување на пазарна вредност на недвижниот имот која е во надлежност на Министерството за транспорт и врски, во овој предлог закон се предлага како пазарна вредност во тие случаи да се земе договорната цена.

Во текот на дебатата пратеникот Здравко Трајанов од опозициската ВМРО-ДПМНЕ оцени дека со законот ќе бидат оштетени припадниците на средната класа и оти на власта наместо да се бори со сивата економија, полесно и е да собира данок и тоа во услови на пандемија и светска криза.

– Милион студии покажа дека со зголемување на даноците не се постигнува ништо, посебно со зголемување на даноците на средната класа, рече Трајанов.

Заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски, истакна дека не се согласува со ставовите на Трајанов, нагласувајќи дека целта на законот е да се направи ре проценка за да може да се оданочува имотот во земјава според вистинската вредност. Тој нагласи дека ова не е приход на централниот буџет, туку на општините и дека се работи за оданочување на имот кој што не е во употреба, а кој е повеќе од едно живеалиште кое го имаат граѓаните.

– Нема средна класа со три, со пет стана, со четири куќи. Овде се работи за оданочување на имот што не се користи. Доколку имотот се стави во економска функција, а тоа е основната функција на овој закон, да биде издаден или искористен, тогаш тој не се оданочува со зголемени стапки, рече Ковачевски.

Тој истакна дека во државата има и голем број имоти како детски одморалишта и други типови на комунални објекти кои никој не ги користи, а за кои граѓаните плаќаат одржување, обезбедување итн, што е само трошок за кој општините и другите институции немаат интерес да ги менаџираат. И овие имоти ќе бидат тројно оданочени.

На ова реплицираше Трајанов, кој рече дека за него е спорно што викендиците не се  изземаат од законот, бидејќи во катастарот нема таков термин, туку постојат само куќа или стан. Според него, не е алиби за законот државата да си плаќа сама на себе.

Маја Морачанин од ДОМ рече ќе го поддржат ова законско решение, бидејќи повеќе оди во прилог на средната класа и социјално ранливите категории граѓани, а не на олигарсите.

– За да постигнеме социјална правда и намалување на неееднаквоста во општеството, мора да се воведат вакви законски решенија со коишто оној кој има повеќе објекти кои дополнително не ги ни користи, туку стојат и пропаѓаат, ќе плаќа поголем данок. Така е и насекаде во западноевропските држави, затоа тие имаат солидна средна класа и затоа се намалува тој индекс на нееднаквост, рече Морачанин.

Атнан Незири од Алијанса за Албанците смета дека државата не е подготвена и не постојат услови за спроведување на ова законско предлог-решение во пракса, како во делот на недвижниот имот, така и за земјоделското земјиште, имајќи го предвид досегашното искуство. Според него, за вакво решени потребно е да имаме развиена економија и инспекциски контроли.

– Во реализацијата на целите на законот потребна е промена на менталитетот, култура, свест, и ослободување на системот од политиката. Откога ќе се создадат овие услови, за кои со оглед на динамиката кај нас е потребно многу време, тогаш може да се спроведе како закон кој може да има позитивни ефекти. Во спротивно ќе ја има судбината како персоналниот данок кој немаше соодветен ефект, рече Незири.

На седницата беа разгледани и уште неколку предлог на закони за кои расправата заврши, а за нив ќе се гласа дополнително.

По редовната пауза Собранието ќе продолжи со расправа по точките од дневниот ред на 34. седница.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ