• Latest

Правата и благостојбата на работниците – врвен приоритет на Владата

April 29, 2021
Фото: Дехран Муратов, ЦИВИЛ

Протест „Ниту една повеќе“: Институциите молчат – жените гинат

September 18, 2025

Неделковски ја брани власта со навреди и сексизам: „СДСКомуњарска, победете на избори па сменете ги Панче и Христијан – дотогаш, попуши ми изнад колена“

September 18, 2025

Проф. д-р Оливер Андонов за „хибридните напади“ на власта и наративите во пресрет на локалните избори (1 дел)

September 18, 2025

Две години затвор за Лидија Димова, ќе треба да врати 22,7 милиони денари на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

September 18, 2025

24 ЧАСА: ДИК, ДКСК и ДЗР со Меморандум за изборите; Ексклузивно со проф. д-р Оливер Андонов за „хибридните напади“; Пратеничките против насилство врз жени; Србија и Русија преговараат за нуклеарка

September 18, 2025

Рекорден број реакции на прашањето на ЦИВИЛ за воениот рок

September 18, 2025

Мицкоски: Нашиот пат кон ЕУ е повеќе од хармонизација на закони – тоа е создавање институции кои работат по европски стандарди

September 18, 2025
Фото: МИА Архива

Жените – пратенички од Клубот на пратенички во Собранието упатија реакција за навремена и ефикасна реакција на институциите во случаите на насилство врз жените

September 18, 2025
Israel arrests people in West bank
Source: Al Jazeera

Масовни апсења на Израел во окупираниот Западен Брег

September 18, 2025
Protests in Paris, France- September 18
Source: Times Now screenshot

Во тек е најголемиот штрајк во Франција во последните години е во тек поради политичката криза

September 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Правата и благостојбата на работниците – врвен приоритет на Владата

April 29, 2021 14:12
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Зачувувањето на работните места, заштитата и унапредувањето на работничките права, зголемување на платите и изминатата година во услови на криза беа врвен приоритет на Владата, рече премиерот Зоран Заев по денешната седница на Економско-социјалниот совет. Наоѓањето решенија, рече тој, беше можно само низ суштински дијалог со економско социјалните партнери – синдикатите и работодавачите.

– Суштинскиот и солидарен дијалог не изостана изминатите 12 месеци. Напротив може да кажам дека доби на интензитет и ја покажа сета потреба за учество во справување со кризата предизвикана од пандемијата. Освен здравјето на луѓето кризата се закани да ги загрози илјадниците работни места. Затоа на прво место на економските приоритети на Владата уште од почеток на пандемијата беше низ дијалог на работниците и компаниите да им се даде поддршка за да се сочуваат стотици илјади работни места, рече премиерот Заев на прес-конференцијата по седницата на ЕСС.

Успеавме, додаде тој, да ги задржиме работните ангажмани на многу наши граѓани, а со тоа и да ја задржиме економијата жива и динамична, па дури и да забележиме и напредок во повеќе дејности овие месеци.

Тој очекува годинава економијата да се врати на стабилни стапки на раст, платите да продолжат да растат, а невработеноста да се намалува.

И вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи е согласен дека изминатата година била голем предизвик за сите. Пандемијата предизвикана од Ковид 19, рече тој, направи сериозни поместувања во светот и сето тоа се одрази на нормалното функционирање на животот, а со тоа и на самата економија.

– Од оваа криза го однесовме заклучокот дека само сплотени и со заеднички сили можеме да ги надминеме и најголемите предизвици. Најголемиот предизвик во овој период секако дека беше зачувувањето на секое едно работно место, тоа се нашите работници, наши граѓани. И ако се анализираат сите шест пакети економски мерки кои ги креиравме и донесовме заедно со социјалните партнери, јасно се гледа дека во центарот е токму тоа, да биде зачувано секое едно работно место, секој еден работник да продолжи да ги извршува своите работни задачи и за тоа да биде соодветно платен, потенцира вицепремиерот.

Кога на граѓаните им е најтешко, вели Битиќи, државата мора да застане позади нив, а со мерките Владата го направила тоа. Притоа тој потсети на мерките како финансиска поддршка за исплата на плати, обезбедување средства за ликвидно функционирање на компаниите, обезбедена поддршка преку Развојната банка преку три линии бескаматни кредити со кои е обезбедена поддршка од 44,1 милион евра за 4.078 компании, средства кои помогнале да се зачуваат близу 37.000 работни места.

– Сите мерки ги правевме заедно со оние кои се засегнати и со аплицирање на соодветни анализи, за да има максимален ефект, рече вицепремиерот.

Тој додаде дека биле направени и силни исчекори во однос на зголемувањето на минималната плата која, како што рече, е базата за сите плати во државата.

– За само неколку години преку заеднички дијалог, разбирање и преку аргументирана дискусија направивме минималната плата од 9.000 денари колку што изнесуваше во 2016 година денес да изнесува 15.200 денари, што е зголемување за 68,8 проценти. Минималната плата е основата и нивото на која таа ќе биде поставена влијае и на останатите показатели. Таа прави притисок и на останатите плати и просечната нето плата, која исто така бележи пораст, и во февруари 2021 година веќе е приближно на 28.000 денари, рече вицепремиерот Битиќи.

Тој е уверен дека заедно со економско-социјалните партнер заеднички ќе продолжат да ги унапредуваат работничките права, да го зголемуваат финансискиот стандард и да ги подобруваат условите за живот.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вели дека зачувувањето на секое работно место и почитувањето на работничките права е приоритет на Владата, но и водилка во разговорите со економско-социјалните партнери, затоа што, како што рече, сечиј труд е важен. Тоа, нагласи таа, било приоритет и сега во услови на криза.

За остварување на овие цели, како што рече Шахпаска, освен финансиската поддршка изминатата година се работело и на системски решенија, а како што посочи едно од нив е новиот закон за работни односи.

– Прецизно ќе ги уредиме договорите на определено време, со што ќе обезбедиме сигурност за работниците, ќе уредиме после колку време и под кои услови тие треба да преминат во договори на неопределено време, ќе ја регулираме сезонската работа, особено правата на работниците во периодот кога не се сезонски ангажирани. Ќе обезбедиме модерно и ефикасно решение за породилното отсуство, во делот на мајчинството и родителството, во кое и таткото ќе има право за отсуство од работа. Породилното отсуство ќе биде подолго од сега предвидените девет месеци, рече Шахпаска.

Таа очекува ова решение наскоро да биде усогласено во работните групи и да биде дадено на јавна расправа.

Секретарот на Сојузот на синдикатите на Македонија Златко Цветковски истакна дека низ дијалогот укажале оти нема да дозволат кризата да се насочи само и единствено кон работниците и нивните семејства. Затоа, рече тој, бараме да се признае дека општеството зависи од трудот и работата на работниците, дека тие се рамноправен и значаен чинител на заедницата без кои не може да се обезбеди нејзиниот опстанок и развој.

Оваа криза, нагласи Цветковски, само придонела да се забрза обезбедувањето на приоритетите на работниците во државата.

– Ние како синдикати бараме на работниците да им се гарантира пристојна работа и заработувачка, со место во општеството кое го заслужуваат со својот труд. Апелираме за потреба од солидарност и заедништво до сите чинители во општеството за справување со здравствената криза и последиците од неа, рече Цветковски.

Покрај она што досега Владата го дала како поддршка на работниците, нагласи тој, ССМ бара таа да продолжи да работи на целосно остварување на програмата.

 

 

Претседателот на Организацијата на работодавачите Ангел Димитров смета дека е потребно да се најдат соодветни механизми за заштита на правата на работниците. Ние, рече тој, имаме голема заштита на работниците, дури и кривична одговорност за повреда, но само на хартија.

– Тоа не се решава само со зголемување на казните. Тоа мора да се решава и со одредена флексибилност во законот за работни односи, рече Димитров.

Судбината на компаниите и работниците е заедничка, рече тој, додавајќи дека затоа заеднички мора да јакнеме и да се грижиме и за иднината на нашите компании и за подобар стандард на вработените

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    241 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    228 shares
    Share 91 Tweet 57
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Мерц: Завршување на војната на сметка на политичкиот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина не доаѓа предвид

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ