• Latest

Право на глас на жените

March 8, 2021
Фото: Влада

Кошта – Мицкоски: Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, процесот на евроинтеграции ќе се засили во периодот кој што следи

May 15, 2025
Фото: Instagram

Мексиканска инфлуенсерка застрелана за време на пренос во живо на TикТок

May 15, 2025
Фото: Скриншот МВР

МВР: На матурска прослава без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред и мир

May 15, 2025
Фото: Фејсбук Орхан Муртезани

Министерот за европски прашања Муртезани го пречека Кошта во Скопје

May 15, 2025

Реакции: „Благодарниците се за да не си даде оставка“; „Катастрофа, за нерешени убиства, пожарот во Кочани, секој ден сообраќајки?“…

May 15, 2025
ФОТО/ Претседател на Собрание на Северна Македонија Африм Гаши

Гаши: До Собранието не е доставена оставка од Таравари, ниту предлог за гувернер на Народната банка

May 15, 2025
Фото: скриншот Х

(Видео) Инциденти меѓу демонстранти и полицијата на влезот на судот во Нови Сад

May 15, 2025

Медиумски takeover ден посветен на важноста на семејството во животот на секое дете

May 15, 2025

Тирана домаќин на европскиот Самит; Ќе присуствуваат 47 лидери од целиот континент

May 15, 2025
Фото: ФБ meKreshnik Bekteshin

Бектеши во куќен притвор

May 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Право на глас на жените

March 8, 2021 16:21
in ВЕСТИ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Првата земја на независни нации, која го овозможи правото на глас на жените е Шведска, каде на некои жени дури им беше дозволено да гласаат и за време во ерата на слободата (1718-1771), иако овие права не се однесуваа на сите жени. Правата на гласање на жените беа воведени во меѓународното право во 1948 година кога ОН ја усвои Универзална декларација за човековите права. Правото на глас на жените исто така е наведено во Конвенција за елиминирање на сите форми на дискриминација на жените, која беше усвоена од Обединетите Нации во 1979 година.

Во Јужно Африканска Република во 1930 година право на глас имаа само белите жени, дури во 1994 тоа право го добиле и црните жени.

Шведска

За време на “ерата на слободата” во Шведска (1718-1771), жените кои плаќале даноци и се членки на некој сојуз (често вдовици), до 1771 година им беше дозволено да гласаат и да се постават како кандидатки на изборите. Помеѓу 1726 и 1742 година на изборите учествуваа околу 30% жени. Новите регулативи од 1743 до 1758 година на жените им овозможи поедноставно учество на изборите. Често гласовите беа давани преку машки претставници, што беше и главната причина да им се дозволи целосно право на глас за жените. Во 1758 година жените не беа вклучени во главните и комуналните избори, ама продолжиле да гласаат на националните избори. Со новиот Устав од 1771 година оваа беше забрането. Во 1862 година на жените, кои плаќале данок, повторно им беше дозволено гласањето. Правото на давање на својот глас не им се врти до 1919 година, и повторно беше дозволено нивното учество на гласањата во изборите од 1921 година, и тоа за првпат по 150 години.

Швајцарија

Швајцарскиот референдум за добивање на право на глас на жените беше одржан на февруари 1959 година. Мнозинството на швајцарските мажи гласаа против, меѓутоа во некои кантони жените го добија правото на глас. Швајцарија беше една од последните демократски држави (други се на пример Лихтенштајн), кои многу доцна им дозволи, овозможи на жените да гласаат. Сè до 1973 година жените не смееја да гласаат на федералните избори.

Македонија

И во Македонија ситуацијата не била поразлична како и во другите земји. Како во сите европски, но и поранешни југословенски земји, и во Македонија, Македонките наидоа на првични проблеми за добивање право на глас. Во 1946 година Македонките за прав пат гласале. Денес тој сон стана рутина. Во 2008 година жена се постави како кандидатка за премиерка. Во 2009 година на претседателските избори, Мируше Хоџа се постави како кандидатка за претседател на Република Македонија. Иако двете дами не беа изгласани, сепак докажаа дека модерната жена во Македонија не се плаши повеќе. Тие докажаа дека во 21 век Македонките се противнички на мажите и дека нема лесно откажување од водечките позиции.

Австралија

Првите избори за новиот Парламент на новосоздадениот Комонвелт на Австралија во 1901 година беше врз основа на слободното гласање во шест држави. На тој начин жените со правото на глас и на државно ниво можеа да ги изберат претставниците на Парламентот (во Јужна Австралија и Западна Австралија). Овие права важеа за федералните избори во 1901 година. Во 1902 година, Парламентот на Комонвелтот го усвои законот за изборите, кои им ги гарантираа истите права на глас на жените како и на мажите, и тоа на ниво на целата држава. Меѓутоа, Комонвелтот не им даде право на глас на сите мажи и жени Абориџини. Ова не се промени до 1962 година, но преку амандманот на законот за гласање во Комонвелтот беше решен проблемот (таквото решение не произлезе од исходот на референдумот од 1967 година).

Општински избори одржани на 11 февруари 1934 година беа првите избори на кои учествуваа и жените. Меѓутоа, тоа право важеше само за писмените жени и оние кои имаа барем 30 години. Сè до 28 мај 1952 година ситуацијата во Грција беше ваква. А со изборите на 19 февруари 1956 година сите возрасни жени го добија правото на глас и учествуваа на парламентарните избори.

Данска

Во Данска жените го добија своето право на глас на 20 април 1909 година. Меѓутоа, дури на 5 јуни 1915 година им беше дозволено да учествуваат на изборите наречени – „Фолкетинг“.

Индонезија

Во првата половина на 20 век, Индонезија беше една од земјите во која многу бавно се одвиваше процесот на давење на право на глас на жените. Во 1905 година ја започнаа својата борба со поставените општински совети, во кои имало некои членови изберени од ограничени изборни места. Право на глас имаа само мажите кои знаеле да читаат и да пишуваат, при што се исклучувале многу мажи кои не беа по потекло од Европа. Во тоа време стапката на писменост кај мажите беше 11%, а кај жените 2%. Главната група која ја стави индонезиската влада под притисок да им даде на жените право на глас беше Dutch Vereeninging voor Vrouwenkiesrecht (Здружение на ВВВ- право на глас на жените). Здружението било основано во Холандија во 1894 г. Се обидоа да привлечат индонезиски членки, но со само мал успех, бидејќи раководителот на организацијата немал развиено вештина во убедување, па дури и на образованата класа во Индонезија. Кога ќе се поврзеа со жените, не можеа да сочувствуваат со нивната позиција што резултираше со отуѓување на дури и образованите Индонезијки. Во 1918 г. тие го основаа првото претставничко тело познато како Фолксрат (Volksraad), (народен совет), кое исто не им даваше на жените да гласаат. Во 1935 година, колонијалната администрација го искористи своето влијание за да назначи Европејка како претставничка во Фолксратот. Во 1938 година управата им дозволи на жените да гласаат за градоначалници и за претставници на истата институција, што резултираше со тоа некои Индонезијки и Европејки да се вклучат во општинските совети. Евентуално законот утврди дека само Европејките и општинскиот совет можеле да гласаат, што ги издвојуваше сите жени и локалните совети. Во септември 1941 година овој закон беше променет и на тој начин сите жени од народниот совет имаа право на глас. Во ноември 1941 година правото да се учествува на општинските избори им беше даден сите жени со исто значење како на мажите (ама само на оние кои имаа сопственост и кои беа образовани).

Јапонија

Иако на жените во некои држави им беше дозволено да гласаат во 1880 година, на национално ниво жените во Јапонија со закон им беше дадено правото на глас во 1954 година.

Канада

На немажените жени и вдовиците им беше дадено правото на глас за општинските избори во Онтарио во 1884 година. Слични такви ограничени права на глас имаше и во другите провинции до крајот на 19 век. Но, законско регулирано решение не беше изгласано во ниедна провинција сè до 1916 година, кога на жените во Мaнитоба им беше дадено правото на глас. Целосно право на глас добија во 1918 година, кога федералниот парламент усвои закон со кој на жените им се дозволи да гласаат на федералните избори. Другите градови истото го правеле, освен Квебек сè до 1940одина. Агнес Макпаил беше првата жена избрана на парламентарните избори во 1921 година.

Нов Зеланд

Жените во Нов Зеланд беа инспирирани да се борат за нивните права на гласање од Џон Стјуард Мил, филозоф за еднакви права, како и од британската феминистичка агресивност. Притоа, мисионерските напори на Унијата на христијански жени од Америка, и ја даде потребната мотивација за оваа борба. Всушност имаше некои политичари- мажи кои ги поддржуваа правата на жените. Такви се Џон Хал, Роберт Стут, Јулиус Фогел и Вилијам Фокс. Напорите од 1879, 1879 и 1887 година за жените да добијат право на глас беа неуспешни. Крајно, во 1893 година жените си го добија заслуженото право на глас.

Иако Либералната влада, која го усвои законот ги избегнуваше социјалните и политичките реформи, законот за гласање беше усвоен, поради комбинацијата на личните причини и политичката несреќа. Законот им гарантираше право на глас на секој жена, независно од бојата на кожата. До 1919 година на жените во Нов Зеланд не им беше дозволено да се постават како кандидатки за парламентот. Во 2005 година речиси една третина од избраните пратеници беа жени. Во последно време жените заземаа важни, симболични и врвни позиции како на пример премиер, заменик генерал, гласноговорник, на домот на претставници и министер за правда.

Норвешка

Жените од средната класа можеа да го дадат својот глас во 1907 година (тоа важеше за жените кои доаѓаа од фамилии со одредено ниво на просперитет и благосостојба). Во основа во 1910 година жените можеа да гласаат во локалните избори, а во 1913 година во норвешкиот парламент едногласно го изгласа законот со кој сите жени го добија своето право на глас.

Обединето Кралство

Кампањата за правата на жените ги достигна најуспешните моменти во почетокот на 19 век. Во тој момент жените се повеќе беа вклучени во политиката, пред сè за време на кампањата за добивање на право на глас на жените во Обединетото Кралство. Џон Стјуард Мил, кој во 1865 година беше избран за пратеник во Парламентот и беше адвокат кој ги застапуваше жените, водеше кампања за воведување на амандман за законот на реформата за да се остварат овие права. Речиси поразени од сите парламентарци од конзервативната влада, прашањето за правото за добивање на глас полека стануваше важно.

За време на втората половина на 19-иот век, беа оформени групи за водење на кампањи со цел лобирање кај парламентарците и добивање на нивната поддршка. Во 1897 година се соединиле седумнаесет такви групи за да се оформи националната унија на општеството за добивање на глас на жените (НУЊСС), кои одржуваа јавни митинзи, пишуваа писма до политичари и објавиле најразлични текстови. Во март 1907 година НУВСС го организираше својот прв протест. Протестот стана познат како „Каллив Мај“, кога над 3.000 жени одеа по студени и темни улици на Лондон, и тоа од Хајд Парк до Ексетер Хол.

Во 1903 година некои членови се одделија од НУВСС. Под водство на Емили Панкхурст ја основаа Социјална и политичка унија на жените (СПУЖ), Women’s Social and Political Union (WSPU). Бидејќи националните медиуми го изгубиле интересот за кампањата на правото на глас, СПУЖ одлучи дека ќе користи некои други начини за да го насочи вниманието кон оваа прашање. Тоа започна во 1905 година на заседанието каде зборуваше г. Едвард Греј, член на ново избраната либерална власа. Додека зборуваше, две членки на СПУЖ гласно прашаа – „Ќе им дозволи ли либералната влада на жените да гласаат?“. Кога одбија да прекинат со тие прашање, беше повикана полицијата за да ги отстранија од просториите и две жени „гласачки“ (како членки на СПУЖ потоа станаа познати) беа ставени во многу незгодна ситуација, што на крајот резултираше со тоа што биле уапсени и ги обвинети за напаѓање. Кога одбиле да ги платат казните, ги одведоа во затвор. Британците беа во шок и не им се верувало каков вид на насилство постои ако се бориш за своето права на глас. По таквиот успех во медиумите, тактиките на СПУЖ станаа се понасилни. Тоа вклучува и обид во 1908 година за напаѓање на Домот на Пратениците, палењето на домот на Дејвид Лојд Џорџ (кој бил за одобрување на правото за глас на жените). Во 1909 година г-ѓа Констанс Литон беше затворена во затвор, но веднаш потоа беше пуштена кога се дозна нејзиниот вистински идентитет. Во 1910 година таа се претставуваше како шивачка од средната класа и се нарекуваше Џејн Вартон. Таа претрпи нечовечко малтретирање. Еден инцидент од 1913 година во кој Емили Девисон, што се бореше жените да добијат право на глас, беше згазена од коњ на Кралот Џорџ V за време на трката на Епсом Дерби и по четири дена умре. СПУЖ престана со своите милитантни активности за време на Првата светска војна и се трудеше да помогне во воените напори. Слично и НУВСС соопшти дека ќе прекине со политичката активност, но тајно продолжи со лобирањето за време на Првата светска војна. Во 1918 година со крајот на војната, парламентот се согласи да им даде право на глас на жените кои биле над 30 години. Сè до 1928 година со законот од 1928 година, жените добијa право на глас со исто значење како на мажите.

Полска

Роза Померанц – Мелтцер од партијата Ционист беше правата жена која во 1919 година ја избраа во Сејм (Долниот дом на полскиот Парламент) .

Португалија

Каролина Беатрис Ангело беше правата жена која гласала за Републичкиот Парламент во Португалија. Таа изјавувала дека е челото во својата фамилија, дека ја водела фамилијата. Потоа законот се промени и само мажите членови од фамилијата можеа да гласаат. Во 1931 година, за време на режимот на Естадо Ново, на жените за првпат им беше дозволено да гласаат, ама само ако имаат завршено средно или високо образование. А за мажите било доволно да бидат само писмени. Во 1946 година беше променет законот за гласање. Во него беа подобрени условите со кои жените би можеле да гласаат, ама и во тој закон мажите уште беа надредени. Со законот од 1968 година се тврдело дека со него се овозможило „еднакви политички права за мажите и жените“, меѓутоа мажите имаа повеќе права за гласање. По револуцијата на Карнатион во 1974 година жените добија сите и еднакви права на глас.

Соединетите Американски Држави

Лидиа Чапин Тафт била водечка личност во Колонијална Америка, на која и било дозволено да гласа на три градски собири во Њу Енгланд на почетокот од 1756 година. Во 1848 година на конвенцијата во Сенека Фалс во Њујорк, активисти вклучувајќи ги и Елизабет Кади Статон и Лукреција Мот започнаа седумдесет годишна борба на добивање на право на глас. Сузан Б. Ентони, родена во Рочестер , Њујорк, и се придружи nа движењето четири години по Конвенцијата во Сиракуза. Активистките потенцираа дека не било почитувано тоа што пишало во 14-иот и 15-иот член (дека луѓето имаат еднаква заштита пред законот и право на гласање без разлика на нивната раса). Според нив оваа не било праведно. Првични победи издвоија во државите Вајоминг (1869) и Јута (1870), иако на жените во Јута им се одзема правото со федералниот закон, познат како Законот на Едмунт- Такер, кој бил отфрлен од Конгресот на САД во 1887 година. Идејата да им се даде право на глас на жените во Јута делумно беше поттикнато од верувањето дека со тоа право жените во Јута ќе ја отфрлат полигамијата. Откако жените во Јута своето право го искористиле во полза на полигамијата Конгресот на САД им го одзема правото на гласање. Ама до крајот на 19-иот век државите Ајдахо, Колорадо, Јута и Вајоминг им го дадоа правото на глас и тоа делумно под влијание на жените кои ја поддржале идејата дека морале да имаат право на глас.

За време на почетокот на 20-иот век, кога случајот на барањето на правото на глас од жените станал се попопуларно, гласачите станаа предмет на апсење, и повеќето беа притворани. Конечно претседателот Вудро Вилсон се залагал кај Конгресот за донесување на одлуката и во 1920 година беше ратификуван деветнаесеттиот амандман, при што им беше забрането на државите и федералните власт да поддржуваат полово ограничување за правото на глас. Можноста за гласање беше национален тренд, што беше формирано по прогресивните години на претседателот Вилијам Тафт, од Републиканската партија, наследникот на Вилсон. Назначувањето на Тафт како заменик министер за правда во американскиот Врховен суд во 1921 година се сметаше како моментот на значајна промена за легислативата. Тој придонесе за многу правдини во тоа време.

Франција

Проблемот за правото на глас на жените во Франција беше решен на 5 октомври 1944 година со одлука на француската влада. Првите избори на кои учествуваат жените беа општинските избори на 29 април 1945 година и парламентарните избори одржани на 21 октомври 1945 година. Муслиманските жени во Француски Алжир мораа да чекаат до 3 јули 1958 година за да го добијат своето право на глас.

Холандија

Групата која работеше на тоа жените да добијат право на глас во Холандија беше данската Vereeniging voor Vrouwenkiesrecht или ВВВ (здружение на ВВВ- права на жените). Тоа беше основана во 1894 година. Во 1917 година на жените им беше дозволено да гласаат и да бидат гласани на националните избори. Тоа доведе до избирање на Сузана Гроеневег од партијата СДАП на општите избори од 1918 година. На 15 мај 1919 година беше изработен нов закон со кој на секоја жена, без ограничувања, и се дава правото на глас. Законот беше усвоен и за првпат се примени на општите избори во 1922 година. Гласањето стана задолжително од 1918 година, што не беше променето до 1970 година.

Шри Ланка

Шри Ланка (поранешна Цејлон) беше првата азиска држава кој им дозволи на сите жените без ограничување, да гласаат. Тоа важење за оние кои имале 21 година. Од тогаш жените во Шри Ланка уживаа значително влијание во политичката област. Врвот на сето тоа беше достигнато во јуни 1960 година кога на општите изборите во Цејлон беше изберена правата премиерка во целиот свет. Тоа беше госпоѓата Сиримаво Бандаранаике. А подоцна во 1994 година и нејзината ќерка, Чандрике Кумаратунге, исто така стана премиерка. А во истата година таа беше изберена како претседателка на извршната власт во Шри Ланка, што ја прави четвртата жена што добила таква позиција.

Шпанија

Во баскиската провинција на Бискаија и Гипускоа им беше дозволено гласањето само на оние жени кои плаќале одреден данок за гласање. Сепак можност за да се биде избран без да може да се гласа постоела со примерот на Марија Изабел де Алаја која била избрана за градоначалник на Икастегиета во 1865 година. Официјално правото на глас на жените беше усвоено во 1933 година со противење на Маргарита Нелкен и Викторија Кент, две пратенички, кои мислеле дека жените во тоа време биле незрели за да гласаат одговорно. Со ова се ставил во опасност постоењето на Втората Република. За време на режимот на Франко само мажите, главите во домаќинствата, имаа право на глас. Од 1976 година, за време на промената кон демократија во Шпанија, и жените добија право на глас и можеа да гласаат и да бидат гласани како службенички.

Одбиено или условено право на глас

Либан – одделни права на гласање. Задолжителен доказ за завршено основно училиште. Тоа важеше само за жените, но не и за мажите. Гласањето беше задолжително за мажите, а опционо за жените.
Саудиска Арабија – Жените немаа право на глас се до 2015 година. На првите локални избори во 2005 г. на жените не им беше овозможено да си го дадат својот глас.
Ватикан – жените немаат право на глас, исто така и некои мажи немаат право на глас.

Д.М.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ