• Latest

Предлог-законот за високо образование е исчекор, но има и недоречености

March 27, 2018
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Предлог-законот за високо образование е исчекор, но има и недоречености

March 27, 2018 09:44
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Професорскиот пленум и Независниот академски синдикат (НАкС) сметаат дека Предлог-законот за високо образование, кој Владата го достави до Собранието, е значаен исчекор во уредувањето на материјата на високото образование, особено во поглед на уредувањето на автономијата и на слободата на академската заедница, системот за обезбедување квалитет на високото образование и напредувањето во академската кариера.

Генерална оценка за нив е дека Предлог-законот за високо образование создава основа за подобрување на квалитетот на високото образование во Република Македонија, но сметаат дека содржи и одредени недоречености за кои се надеваат дека ќе бидат отстранати на собраниската расправа.

Според нив, законот треба да ја зајакне кадровска автономија на универзитетите како неразделив сегмент од уставно загарантираната автономија и јасно да ги одреди правилата за формирање на платите на наставниот кадар во јавните високообразовни установи.

– Во одредбите треба да се додаде и правило дека за вработување во јавните високообразовни установи, согласно актите за систематизација за место за кое претходно било дадено одобрение, односно биле обезбедени финансиски средства, а кое се испразнило поради престанок на работен однос на вработеното лице, не е потребно повторно одобрение од страна на надлежните органи, доколку новото вработување се реализира во рок од една година од престанокот на работниот однос и доколку новото вработување е на истата научна, односно уметничка област, наведуваат Професорскиот пленум и Независниот академски синдикат.

Во поглед на финансирањето на јавните високообразовни установи, нивниот став е дека законот треба да го определи минималниот износ на платите на наставниците, кои би биле соодветни на платите во јавниот сектор а согласно наставно-научните звања и обврска на државата тој износ да се достигне во одреден временски период.


Извор: МИА

Tags: Закон за високо образованиеНезависен академски синдикатпрофесорски пленум
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ