Пет протестанти го загушија центар. Палат гуми палети и ѓубре!, објави еден граѓанин на Твитер.
„Секоја чест Оливер Спасовски од МВР, очигледно не може да се справиш со проблемиве ни ти ниту Петре Шилегов, ниту Саша Богдановиќ – Србче… Казнувате луѓе што прават ајвар, а оставате да ви палат гуми во центар на Скопје, каде се комуналните инспектори на град Скопје и општина Центар“, констатира еден граѓанин.
Се гори на отворено, се гори пластика, пред Собрание на Р. Македонија, пред очи на мвр. Никој не реагира од институциите, дури ни лекарите од соседната болница. Луѓево не се ни опоменати дека не смеат и дека е штетно. ….јас реагирав pic.twitter.com/2CwmScASmQ
— Nevena (@buzaroska) December 13, 2018
Друга граѓанка објави кратко видео каде што пишува: „Се гори на отворено, се гори пластика, пред Собрание на Р. Македонија, пред очи на MВР. Никој не реагира од институциите, дури ни лекарите од соседната болница. Луѓево не се ни опоменати дека не смеат и дека е штетно. Јас реагирав“.