• Latest

Пред утрешната седница на Влада, премиерот ќе има средба со инспекторите од Државниот пазарен инспекторат

April 26, 2021

Македонски блок 2025: Доминантните наративи проширени и надградени

September 18, 2025
Фото: Дехран Муратов, ЦИВИЛ

Протест „Ниту една повеќе“: Институциите молчат – жените гинат

September 18, 2025

Неделковски ја брани власта со навреди и сексизам: „СДСКомуњарска, победете на избори па сменете ги Панче и Христијан – дотогаш, попуши ми изнад колена“

September 18, 2025

Проф. д-р Оливер Андонов за „хибридните напади“ на власта и наративите во пресрет на локалните избори (1 дел)

September 18, 2025

Две години затвор за Лидија Димова, ќе треба да врати 22,7 милиони денари на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

September 18, 2025

24 ЧАСА: ДИК, ДКСК и ДЗР со Меморандум за изборите; Ексклузивно со проф. д-р Оливер Андонов за „хибридните напади“; Пратеничките против насилство врз жени; Србија и Русија преговараат за нуклеарка

September 18, 2025

Рекорден број реакции на прашањето на ЦИВИЛ за воениот рок

September 18, 2025

Мицкоски: Нашиот пат кон ЕУ е повеќе од хармонизација на закони – тоа е создавање институции кои работат по европски стандарди

September 18, 2025
Фото: МИА Архива

Жените – пратенички од Клубот на пратенички во Собранието упатија реакција за навремена и ефикасна реакција на институциите во случаите на насилство врз жените

September 18, 2025
Israel arrests people in West bank
Source: Al Jazeera

Масовни апсења на Израел во окупираниот Западен Брег

September 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пред утрешната седница на Влада, премиерот ќе има средба со инспекторите од Државниот пазарен инспекторат

April 26, 2021 15:42
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Стојко Пауновски беше писмено известен за сите детали и информации во врска со оправданоста и начинот на распределбата и за тоа дека не ја почитува законската обврска за преземање на дел од не распоредените административни службеници. Нема никакви предрасуди во нашето постапување, се работи за ефикасност и хиерархиска поставеност во нашиот систем, изјави премиерот Зоран Заев и најави дека пред утрешната седница на Влада, ќе има средба со инспекторите, со цел да ги сослуша за нивната петиција против разрешување на Пауновски.

Премиерот рече дека нема никакви предрасуди во постапувањето и оти ќе ги слушнат сите аргументи, вклучително и на вработените во ДПИ.

–  Состанокот е да се слушнат нивните аргументи. Јасно ги знам прописите, правилата и етичкото постапување и јасно знам каде сака оваа Влада да стигне во својата поставеност, но секако не се сметаме за најпаметни и нај информирани. Сакаме да има ред и поредок и сакаме да се почитува законот – за распределба на овие вработени, за Влада и хиерархиската поставеност и етичкиот однос, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали на утрешната владина седница ќе биде разрешен директорот Пауновски.

Се работи за добар јавен службеник, рече Заев, но нагласи дека нема да дозволи инаетење со претпоставени и неспроведување на законите.

– Апсолутно нема да дозволам неовозможување на нормалното поставување на целиот владин систем во оваа многу значајна постапка, по едно децениско прашање. Верувајте има причина за ваквиот наратив и поставеност, а тоа е ефикасност и хиерархиска поставеност во нашиот систем, рече Заев.

Тој нагласи дека се работи за почитување на закон, согласно кој би требало да се изврши распределба на вработените од К-5 програмата.

– Јас сум еден од предлагачите, а Владата е таа што именува и разрешува функционери. Претседателот на Владата е со гласови еден или прв меѓу еднаквите во целиот владин состав, посочи Заев.

Премиерот појасни дека директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски е детално информиран за неговото непостапување и оти тој во април добил допис од Министерствата за политички системи и информатичко општество и администрација, но дека не побарал средба, не разговарал и не предложил начин на решавање на евентуалните предизвици.

– Сите институции имаа целосен и детален увид во планот за распределба кој содржи податоци за сите вработени кои треба да бидат преземени и распоредени, податоци за нивото на работното место, на тековното вработување, податоци за стекнатото образование, како и називот на институцијата во која се презема вработениот. Според планот, ДПИ треба да преземе 32 вработени од кои 29 на работно место помлад соработник и тројца на работно место помлад референт, изјави Заев.

Од увидот на образовниот профил на лицата кои се опфатени во планот за распределба, тој рече дека е утврдено дека 24 вработени кои треба да бидат преземени на работни места од категорија помлад соработник ги исполнуваат општите посебните услови односно условот, видот на образование да биде соодветен на описот на работното место.

– Ова значи дека овие лица може да бидат преземени како административни службеници. Членот 5 од Законот за преземање на административни службеници, вработени преку К-5 програмата во МПС и односи меѓу заедниците е донесен во декември 2020година. Утврдува истиот закон дека раководните лица во институциите се должни да ја започнат постапката за усогласување на актите за систематизација на работните места со одредбите од овој закон во рок до 30 дена од денот на усвојување на планот за преземање. Ова го прифатија 237 институции, рече Заев.

Со процесот на распределбата, Заев нагласи дека се решава децениски проблем и тоа го знаат сите, а преземањето на вработените нема финансиски импликации врз буџетот од причини што станува збор за вработени за кои веќе се обезбедени финансиски средства

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    242 shares
    Share 97 Tweet 61
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    233 shares
    Share 93 Tweet 58
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Мерц: Завршување на војната на сметка на политичкиот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина не доаѓа предвид

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ