• Latest

Предизборни дијалози

October 31, 2019

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Предизборни дијалози

Освен со своето членство, политичките партии во предизбориево катадневно се соочени и со другите гласачи. Со она мнозинско граѓанство кое устоличува и кое симнува власт. Со таа влијателна интернет заедница и со нејзиниот интернет парламент, тој највалиден одраз на партиските рејтинзи.

October 31, 2019 11:41
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

од корнер: ЗОРАН ИВАНОВ

До изборите има уште едно цело школско полугдие, а партиите веќе успеаја да ги раздвижат гласачите. Брануваат социјалните мрежи. Доминантната реакција е дека луѓето не сакаат избори. Едноставно, не сакаат. Вонредни па ич. Основниот проблем, ако е проблем, е што изборите ги доживуваат како празна, неефектна политика. Како мавање слама. Се разбира дека темава е за подлабока стручна анализа. Своето ќе си го кажат политколозите, психолозите, стручните аналитичари. Но еве, генерално, какви се првичните одгласи на темата избори.

Доминантната премиса е дека на луѓето не им се излегува на гласање. Помалку или повеќе од разочараност, малку од апатичност, малку од резигнираност. Малку и од инает, од оној наш домашен урбан, маалски. Мнозинството бараат промени во изборното законодавство, алтернативи за партиските монополи. Можност за персонален избор на партиски интегритети на сметка на колективиот, на партиски војници.

Други акцентот го ставаат на нужноста самите партиите да согледаат со кави очи јавноста гледа во нив. Да ја видат сѐ поголемата одбивност спрема партиските структури, особено поради привилегиите што ги нудат мандатите и уште повеќе поради злоупотребите што ги овозможуваат функциите. Барањата се тие да се модернизираат, да се демократизираат, да се европеизираат, раководствата дневно да се отвортат за своето членство и за граѓански критички реакции.

Еве, вели соговорничка во дебата на темава на интернет, јас сум гласала за партија, типчето беше на листа, си доби функција благодарение на луѓето кои гласаа за партијата и повеќе очи не му видовме. А, бе, не постоиме за него. А неговата комотност доаѓа од партијата. Како да покажам незадоволството спрема таквите ликови кога партијата ги штити. И сега, како поради него да гласам против партијата? Поради двајца, тројца такви, ќе си страда целата. И, додава, нека си страда.

Претстојниве избори ќе го замислат народот и ќе го натераат да размисли дали ќе излезе да гласа поради партиите, или поради луѓето кои ќе бидат кандидати за пратеници.

Припадноста на партија или на идеологија не е гаранција за квалитет, дополнува друг соговорник во интернет дебатата и додава дека кампањата пак ќе биде популистички лажлива, клеветнички осорна и дека ништо конкретно нема да се слушне од реалните потреби и од реалните можности.

Освен со своето членство, политичките партии во предизбориево катадневно се соочени и со другите гласачи. Со она мнозинско граѓанство кое устоличува и кое симнува власт. Со таа влијателна интернет заедница и со нејзиниот интернет парламент, тој највалиден одраз на партиските рејтинзи.

Па, како кај граѓаните, судејќи и по реакциите, стојат политичките партии, би било поумно тие да си ги присоберат вратовите во рамениците и до април да дишат на шкрги.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ