• Latest

Предлог-измените на Изборниот законик го поминаа првиот филтер во Собранието

March 22, 2022

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Предлог-измените на Изборниот законик го поминаа првиот филтер во Собранието

March 22, 2022 14:02
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска помина Предлогот на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, со кој се бара пратениците на Собранието да се избираат со пропорционален модел без изборен праг и со Д’Онтов модел на распределба на мандати, при што државата би била една изборна единица.

Подносители на Предлог-законот се пратениците Павле Трајанов од ДС, Маја Морачанин од ДОМ, Моника Зајкова и Боби Мојсоски од ЛДП, Љупчо Балкоски од ВМРО-НП, Димитар Апасиев и Борислав Крмов од Левица, Панчо Минов од СДСМ и сега веќе поранешниот пратеник на ДОМ, Мирослав Богдановски.

Како што образложи Трајанов во име на поднесувачите на Предлог-законот, со предложените измени ќе им се овозможи на помалите политички партии „да го остварат своето право на претставување“, а секој пратеник да има иста тежина. Составот на Парламентот, вели тој, ќе биде реален одраз на определбите на граѓаните, помалите етнички заедници ќе бидат застапени во Парламентот преку директно вклучување во изборниот процес без да бидат вклучувани во коалиции со големите политички партии и ќе се демонтирана, како што наведе, „еднопартискиот начин на владеење“, според кој партијата која е на власт ги носи сите клучни одлуки во државата. Тој очекува по усвојување на потребата од носење на Законот да следи јавна дискусија со вклучување на сите партии, НВО, експерти, ЕУ и ОБСЕ, во која ќе преовладее силата на аргументите за потребата за промена на сегашниот концепт.

– Тоа е во интерес и за демократизација на државата, но и на над 60 проценти граѓани. Сум за тоа врз основа на силата на аргументите да се гради консензус и на крај сепак преку јавната дискусија и можни амандмански интервенции да изградиме мнозинство и повеќето од пратениците да се изјаснат „за“. Многу тешко е за ова прашање да се обезбеди консензус на кој што се повикуваат некои од политичките партии дека тоа било добра практика. Но, јас досега не верувам дека имало консензус. Имало консензус само на две или три политички партии, а другите партии никој не ги консултирал. Консензусот ќе го градиме во Парламентот, и ако мнозинството или повеќе од две третини се изјасни „за“, мислам дека нема да има никаква пречка овој законски проект да помине, рече Трајанов, според кого над 90 пратеници дале поддршка за една изборна единица.

Заменик координаторката на ДУИ, Вјолца Адеми го пренесе партискиот став дека за ваков важен закон потребен е поширок консензус – меѓупартиски и меѓуетнички.

– Изборниот модел ни дава слика на општеството и постојниот со шест изборни единици, ова најдобро го рефлектира. Ние ќе продолжиме со дискусии како ДУИ, но со аргументи. Не можеме да дозволиме да се направи мајоризација на една над друга политичка партија. Отворени сме за преговори, но треба да имаме поширока дебата со аргументи, вели пратеничката Адеми.

Координаторот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски истакна дека партијата принципиелно го поддржува Предлог-законот и треба да продолжи дискусијата по ова прашања за да се слушнат сите чинители во општеството.

– Принципиелно го поддржуваме ставот за една изборна единица и во оваа фаза ќе го поддржиме овој закон да продолжи да се дебатира за изборниот модел и за оваа исклучително битна тема во експертската и пошироката јавност, се со цел развој на демократијата и продолжување на демократските процеси во државата, рече Мицевски изразувајќи надеж дека тоа ќе го направат и останатите партии во Парламентот  и дека законското решение нема некаде да „заглави“.

Снежана Калевска Ванчева од СДСМ нагласи дека промената на изборниот модел не е нешто што се случува често и тој треба да произлезе од степенот на развојот на демократијата и потребите кои треба да ги отсликуваат состојбите во државата, како и разновидноста по многу основи. СДСМ, додаде таа, како политичка партија го промовира изборниот модел со една изборна единица со програмата уште од 2016 година, но децидни се дека до промена на изборниот модел мора да дојде преку широк консензус и не се согласува со Трајанов оти таков консензус не може да се постигне.

– Во изборниот модел мора да веруваме сите, ако сакаме навистина демократски процеси, а ако не веруваме во изборниот модел сите, тогаш имаме проблем. Јас не велам дека е потребен апсолутна согласност, тоа не постои, но мора да имаме поширока согласност за едно вакво клучно прашање.. Ако нешто поздравувам тоа е конечно овде да се води расправа за изборниот модел, а не помеѓу неколку лидери на политички партии надвор од Собранието, рече Калевска Ванчева, потенцирајќи дека во оваа фаза дава поддршка на Предлог законот.

Халил Снопче од Алијанса за Албанците смета дека е потребна промена на изборниот модел, но со воведување осум, наместо постојните шест изборни единици што е, според него, согласно Законот за регионален развој и поделбата на осум региони, а бројот на пратеници нема да биде фиксен, туку нивниот број во секоја изборна единица ќе се определува согласно бројот на гласачи.

– Македонија е мултинационална и мултикултурна држава и не би сакал да влегуваме во некои експерименти со последици од кои тешко ќе излеземе. Осум изборни единици за нас е најдобрата опција, вели Снопче.

По расправата по предлог, Парламентот се очекува да организира јавна дискусија во која ќе можат да се вклучат сите партии, невладиниот сектор, медиумите и сите други кои имаат интерес, како и ЕУ, ОБСЕ, ОДХР и други.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ