• Latest

Прес на ЦИВИЛ: Говорот на омразата едно од главните оружја на предизборната кампања

March 5, 2020

Про-палестинскиот активист Калил Махмуд од Универзитетот Колумбија ослободен од имиграцискиот затвор по три месеци

June 21, 2025

Албанската политичка сцена во Македонија се престројува пред изборите – нови сојузи, стари ривалства

June 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на ABC news Australia

Десетици баратели на помош меѓу 82-те лица убиени во израелските напади врз Газа вчера; На децата им се заканува смрт од жед

June 21, 2025
Владимир Путин (Wikimedia Commons)

Путин вели „Украина е наша“, од Кијив одговорија дека тоа е само доказ на рускиот презир кон мировните напори

June 21, 2025
Ирански ракетен напад на Тел Авив. Фото: Скриншот, Ал Џезира

Иран и Израел разменија нови напади откако Техеран ги отфрли нуклеарните преговори

June 21, 2025

Трамп вели дека е многу тешко да се побара од Израел да престане со бомбардирањата во Иран

June 21, 2025
Фото: СДСМ

СДСМ ги објави првите 19 кандидати за градоначалници, Горан Герасимовски во Центар, Александар Трајановски во Аеродром

June 20, 2025
Фото; Скриншот од видео на АлЏезира

Економист: „Балканскиот насилник“ Вучиќ е „на колена“

June 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Британскиот парламент гласаше за „потпомогнато умирање“, отворајќи пат за историска промена на законот

June 20, 2025
УЧЕСНИЦИ ВО ЗЛОСТОРОТ Слепи послушници, како робови на Палевски и еден соучесник, се обвинети за смртта на Вања Ѓорчевска

Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни

June 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Прес на ЦИВИЛ: Говорот на омразата едно од главните оружја на предизборната кампања

Закани и притисоци, говор на омраза, лажни вести, дезинформации, злоупотреба на службената положба и јавните ресурси и проблеми со Избирачкиот список, бележи ЦИВИЛ во долгорочниот мониторинг на предвремените парламентарни избори

March 5, 2020 12:39
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ денеска на прес конференција ги изнесе досегашните наоди од долгорочниот мониторинг на предвремените парламентарни избори. Се работи за комплесен мониториг, со најнови методологии кои се компатибилни на набљудувањето на домашните и странските мисии.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ нотира случаи во неколку категории и тоа:

ЗАКАНИ И ПРИТИСОЦИ – Закани и притисоци од најразличен вид се бележат во Скопје, Штип, Тетово и Јегуновце. Активисти на одредени политички партии вршат притисок и се закануваат на граѓанки и граѓани.

ПОЛИТИЧКО ФИНАНСИРАЊЕ – Политичкото финансирање е предмет на мониторингот на ЦИВИЛ. Очекуваме да добиеме навремени и транспарентни извештаи од политичките партии за тоа како се финансираат нивните кампањи и како се потрошени тие средства. Без оглед на тоа дали кампањите анонимни, од содржината на материјалите што се дистрибуираат низ земјата, односно онлајн кампањите, лесно може да се пронајде нарачателот. Очекуваме тие да ги откријат овие податоци пред јавноста. Бараме од политичките партии да се потпираат и на другите закони, а не само на Изборниот законик. За жал, политичкото финансирање им дава огромна предност на поголемите за сметка на помалите политички партии.

Констатирана е и состојбата на сивата зона каде законски не се регулира овој период, но се бележи активна кампања.

ГОВОР НА ОМРАЗА – Најзабележлив и најинтензивен е говорот на омразата кој веќе долго време е една од двете главни алатки за водење политичка борба во земјата, кој го генерираат одредени политички партии и групи блиски до нив. Тимот на ЦИВИЛ не успева ни оддалеку да ги регистрира сите случаи на говор на омразата кои се во изборен контекст. Секојдневно се бележат најмалку по десет случаи на говор на омраза дневно, со учество на најмалку пет различни учесници во вербалните пресметки на интернет. Само за еден месец, регистрирани се повеќе од 300 посебни случаи, не сметајќи ги ТВ дебатите кои се пренесуваат во живо на Фејсбук.

За размерот и пропорциите на говорот на омразата присутен на социјалните мрежи, а на содржина генерирана од ТВ куќите, како илустрација може да послужи ТВ дуелот на Канал 5 меѓу претседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски на 28 февруари. Несразмерно поголем број од коментарите на ФБ страницата на Канал 5 беа негативни или содржеа експлицитен говор на омраза.

Според анализата на ЦИВИЛ, се нотира дека во голем број случаи се работи за координирани онлајн напади на поединци, меѓу кои се аналитичари, активисти, новинари и политичари. Понатаму, мета на организиран говор на омраза се и ЕУ, НАТО и западните демократии. Нападите се врз лична основа, ад хоминем, најчесто на политичка, етничка, верска и родова основа.

Мониторингот на ЦИВИЛ бележи и голем број нови графити со говор на омраза, пред сѐ, со националистичка содржина. Се издвојуваат примери на такви графити во Скопје, Штип и Куманово.

ЛАЖНИ ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ И ЦРНА ПРОПАГАНДА

ЦИВИЛ го интензивира мониторингот на лажните вести, дезинформациите и црната пропаганда од 1 март. До овој датум, бројот на случаи на регистрирање на лажни вести на дневна основа се движи меѓу 2 и 5, но мултиплицирањето е со огромни размери, бидејќи содржините се преземаат и дистрибуираат во организиран манир и нанесуваат големи штети на изборниот процес и правото на граѓанките и граѓаните на објективно информирање за тие да го искористат своето право на глас на 12 април. Се злоупотребуваат сите можни информации, а меѓу нив, можеме да издвоиме и теми како мигрантската криза и корона-вирусот, кои беа искористени за ширење дезинформации и паника меѓу луѓето.

ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦА ВО ИЗБОРНИ ЦЕЛИ

Злоупотребата на децата се бележи најчесто онлајн, каде што деца се замотуваат во знамиња, покажуваат симболи и слично. Децата мораат да бидат заштитени од отровот на политиката кој се лее овој период.

ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА И ЈАВНИТЕ РЕСУРСИ

ЦИВИЛ извести за неколку случаи на злоупотреба на службената положба и јавните ресурси за партиски и пропагандни цели. Јавноста е добро запознаена со случаите на злоупотреби од страна на неколку министри и заменици во изминатиот месец.

ПРОБЛЕМИ СО ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК – Непосредно пред почетокот на прес конференцијата до ЦИВИЛ стигна пријава од граѓанин кој пријави 6 фантомски гласачи на неговата адреса, а веројатно има уште 6 во неговата зграда. Од институциите не добил релевантен одговор. Проблемот со Избирачкиот список го бележиме од пред 11 години и се уште не е надминат. Познати се проблемите од 2013 година со гласачи кои не постоеја но сепак гласаа.

***

Во тек е подготовката на анализата на карактерот и пораките на кампања на политичките партии во предизборниот период. Тоа ќе биде еден обемен видео материјал, придружен со анализи и фотографии. Во него ќе бидат јавно презентирани сите наоди во детали.

ЦИВИЛ ќе подготви регистар на политичари, медиуми, Фејсбук и Твитер профили, кои шират говор на омраза, лажни вести и дезинформации во изборен контекст и ќе го даде на увид и корекција од јавноста.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    227 shares
    Share 91 Tweet 57
  • Лаги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ