Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, преку својот Твитер налог го осуди грубото кршење на меѓународното право од страна на Русија во Источна Украина и изрази цврста поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина

Претседателот Пендаровски на својот Твитер налог напиша:
-Поредокот базиран на меѓународното право е основа во меѓународните односи, чии принципи мора да се почитуваат.
Грубото кршење на меѓународното право е закана за цивилизацијата.
Изразувам цврста поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.












