• Latest

Презентиран проектот Процената за безбедноста на децата онлајн за Северна Македонија

July 11, 2022
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Презентиран проектот Процената за безбедноста на децата онлајн за Северна Македонија

July 11, 2022 17:59
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Клубот на пратениците денеска се одржа презентација на Процената за безбедноста на децата онлајн за Северна Македонија, подготвена од Меѓународната телекомуникациска унија (ITU), врз основа на ставови и искуства на деца и родители, пренесува МИА.

На презентацијата присуствуваше министерот за образование и наука, Јетон Шаќири кој во своето обраќање истакна дека масовната онлајн изложеност на кревките личности, покрај сите придобивки, носи можности и за злоупотреби, закани, насилство и експлоатација, што го потврдуваат познатите случаи за кои јавноста дозна. Но и бројни, за кои само децата и нивните семејства знаат. Затоа, тој порача дека е од голема важност системски и организирано да се заштитат младите од демнечките онлајн ризици и закани.

– Децата немаат заштитен ѕид, firewall, за онлајн ризици и закани. Него мора да го изградиме ние како заедница, како системски одговор, нагласи министерот, додавајќи дека вакви сложени предизвици бараат ангажман од целото општество, вклучување како на владиниот така и на граѓанскиот сектор, на бизнис заедницата, медиумите и на сите граѓани. Нема временски рамки, потребно е постојано внимание и подигнување на свесноста за онлајн заканите, насилството преку интернет, сајбер насилството и дигиталното вознемирување.

Согласно новата Концепција за основно образование, дигиталната технологија од МОН велат дека мора да се применува на начин кој им е од непосредна корист и поволност на учениците. Дигиталната писменост е еден од националните стандарди за основното образование, што значи дека учениците стекнуваат знаења, вештини и ставови што им овозможуваат отвореност и познавање на можностите, но и замките на информациските и комуникациските технологии и на нивно креативно, критичко и одговорно користење за учење, за работа и за други лични и општествени активности во текот на образованието и во иднина.

– Дигиталната писменост ја вградуваме во наставните планови преку вклучување во повеќето задолжителни и некои изборни наставни предмети како и со вклучување во воннаставните активности. Целта е учениците да умеат да ги користат информатичко комуникациските технологии за да дојдат до информации, да можат умешно и ефективно да ги користат дигиталните алатки за решавање проблеми, споделување идеи, комуникација и соработка во училиштето и надвор од него. И што е најважно, сето тоа да го прават заштитувајќи се себе си, преку етичко и безбедно користење на дигитална технологија, порача министерот за образование и наука.

Процената за заштита на децата на интернет за Северна Македонија е изработена во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ