• Latest

Приоритетите на француското претседателство на состанокот на Дендиас и Варвициотис со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ

January 17, 2022

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Приоритетите на француското претседателство на состанокот на Дендиас и Варвициотис со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ

January 17, 2022 14:10
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За грчко- турските односи, предизвиците во надворешната политика, но и за Балканот информирал шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас на работниот појадок организиран од амбасадата на Франција во Грција по повод француското претседателство, а на која присуствуваа амбасадорите на земјите-членки на ЕУ.

По состанокот, Дендиас рече дека разговарале за приоритетите на француското претседателство, а ја истакна и билатералната соработка меѓу Париз и Атина.

-За време на нашата дискусија со амбасадорите на ЕУ, се осврнав на предизвиците со кои се соочува нашата земја, на проблемите на Балканот, но особено на ескалацијата на турската реторика, која веќе премина на друго ниво, на ниво на директно оспорување на суверенитетот на Грција над островите во источниот дел на Егејско Море, рече Дендиас.

На состанокот присуствуваше и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милтијадис Варвициотис, кој рече дека „Франција е една од земјите што се во срцето на европските случувања и со политички иницијативи ја поддржуваат Европската унија“.

Тој изрази поддршка и за француските предлози, истакнувајќи дека приоритетите на Франција, „особено стратешката агенда на Европа, зелената транзиција, ревизијата на Пактот за стабилност и усвојувањето на заедничката спогодба за миграција и азил“ се главните прашања кои се однесуваат на европската иднина.

– Грција ќе помогне во иницијативите што ќе ги преземе француското претседателство за зајакнување на нашата заедничка визија за посилна и пообединета Европа, истакна Варвициотис.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ