Определени мерки притвор, куќен притвор и мерки на претпазливост за 23 лица под истрагата за остварување туѓа нега и инвалидска пензија.
Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, кои во текот на вчерашниот ден постапуваа по предлогот на Јавниот обвинител за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост против 24 лица од кои 23 беа спроведени во судот а едно лице сеуште не е недостапно за органите на спровод, осомничени за повеќе кривични дела, а поврзани со акцијата на ОЈО ГОКК за злоупотреби со утврдување услови за добивање парична помош за туѓа нега и помош за лица со попреченост и неспособност за самостојно живеење, донесоа решенија, согласно предлогот на Јавниот обвинител и нивното произнесување пред судиите на претходна постапка со кои:
На 9 лица им се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1, 2 и 3 од ЗКП.
На 5 лица им определи мерка куќен притвор.
На 9 лица им определи мерки на претпазливост согласно чл. 146 ст.1 т 2 и 3 од ЗКП, односно Обврска обвинетиот да се јавува во судот или на овластено службено лице, и Привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.