Поранешниот градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, заедно со уште неколку други лица, утринава е приведен за злоупотреба на службената положба и овластувањата, дознава МИА од полициски извори.
Според првичните сознанија, што беа споделени во одредени медиуми, Митровски е уапсен за незаконска пренамена на земјиште на територијата на општината и за незаконско давање под концесија на земјиште.
Митровски беше градоначалник на Oпштина Ѓорче Петров од 2005 до 2017 година. Веста за апсењата сѐ уште се проверува во Основното јавно обвинителство Скопје.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.