Бизнисменот Орце Камчев е приведен изутринава во Полициската станица Карпош, потврдија за МИА извори од Министерството за внатрешни работи.
Тој денеска ќе биде изведен пред судија, а според објавите на дел од медиумите Камчев се подготувал за бегство.
Камчев е еден од осомничените во големиот милионски случај на СЈО Империја, кој според истрагата Рекет (за што казна затвор добија специјалната обвинителка Катица Јанева и соптсвеникот на 1тв Бојан Јовановски-Боки 13) бил рекетиран за да добие повластици во истрагата.