Властите во Белгија приведоа тројца осомничени и извршија рации во Европската служба за надворешни работи (EEAS) и Колеџот на Европа како дел од истрагата за сомнителна измама поврзана со обука финансирана од ЕУ за помлади дипломати, објави Политико.
Претресите – спроведени на барање на Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (EPPO) и одобрени од истражниот судија и белгиската федерална полиција – беа спроведени во EEAS во Брисел, во зградите на Колеџот на Европа во Бриж и во приватни домови, според соопштението од EPPO.
Белгиските власти ја истражуваат Дипломатската академија на Европската унија, програма за обука за помлади дипломати низ земјите од ЕУ. Рациите првпат беа објавени од Euractiv.
ЕЈО соопшти дека има „силни сомневања“ дека правилата за „фер конкуренција“ биле прекршени кога „доверливи информации поврзани со тековната набавка биле споделени со еден од кандидатите што учествувале на тендерот“.
Д. Т.













































