• Latest

Проблемот кој не може да се реши престанува да биде проблем

March 5, 2023

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Проблемот кој не може да се реши престанува да биде проблем

March 5, 2023 15:13
in МРЕЖА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Не мал број Македонци одат по вмро како што на времето одеа по високите камати во тат.

Нема тука никаква разлика.

Ко глувци кои радосно и обнадежено одат по сирењето во Штабквартирата.

И метафората со гуските во магла врши работа. Ако ништо друго затоа што тоа што во јавноста излегува од оџаците на вмро-дпмне и од медиумските ќенефи, е густа, смрдлива магла во која и птиците што не се гуски можат да се загубат.

Тоа се луѓе кои се спремни за малку секс без заштита да добијат хив со гаранција. Сеедно дали се намерачиле да ја ебат владата, есдеесетот, државата или својата клета судбина.

Има, се разбира еден куп оправдувања за нивната инфантилност, но има и многу сериозни одговорности затоа што тој дел од народот е на границата со своите возбудливи илузии да предизвика општа штета и кај луѓето што штедат во Банка Интеза. Освен инфантилноста тука играат улога и опортуноста, стрвта, злобата, зависта, со еден збор – човечките слабости од чии издувни гасови можеме да се отруеме сите во заедничкиот лифт на историјата.

Многу сум пишувал за вмро.

Дај малку пишувај за другите.

Тоа е како во Киев некој да рече – доста нѐ малтретиравте со тоа Русите, дајте малку да видиме што прават и колку убиваат Украинците.

Хахаха.

Споредбата не е сосема неумесна затоа што и ние сме во војна.

Во Специјална војна.

Нашиот Бахмут е власта.

Ви оставам да погодите кои се во нашата приказна Вагнеријанци.

Накусо: Се работи за тема и проблем кој е над сите други.

Одговорот на тоа прашање сум го давал милион пати пред многу комисии и затоа за денеска решив да го позајмам кусото обраќање на еден мој пријател од 2017 година. Пред да ви кажам како се вика господинот еве го текстот:

„ВМРО е крикот на македонската есхатологија. ВМРО не може да се мисли самото себе, доколку сите аспекти на она што МКД ја прави да биде МКД не се израмнат и не го добијат своето божествено исходиште во крајот на МКД низ ВМРО. Затоа тие не се поимаат себеси (особено оваа инкарнација на ВМРО) како опозиција. Тука митот на ВМРО се соочува со непремостлив проблем. И затоа сега урлаат на сите страни: не дај боже некој друг да дојде и да ја промени траекторијата на Македонецот од амебата до моментот кога тој ќе ја добие својата врвна афирмација (воедно и крај) со поставувањето на последната тула во проектот „Скопје 2014“. Во тој проектиран момент Историјата завршува, Македончиштето се насладува во симулацијата на својата супериорност, а моментот кога остатокот на светот ќе треба да поверува во таа трансцендентна Вистина е само прашање на време.

Сакам да кажам: нивниот криминал не се мери само со украдени пари; нивниот главен Криминал е задојувањето на обичното субмедиокритетско тело (она кое едвај врзува крај со крај) да верува во оваа есхатолошка Лага, до степен на заборав на својата трагична потчинетост. Таквиот Криминал не може да се процесуира; последиците од таквиот Криминал ќе мора да се трпат долго и тие ќе бидат кочници на обидите за откопување на Македонецот од гомната на ВМРО уште долго време.”

Јас ви препорачувам овој текст да го аплицирате врз лебот што го печете дома. На тој начин пред секое залаче ќе имате убав потсетник за сопствениот труд и за општата состојба, за вашата одговорност за општата состојба, односно за тоа дека можниот развој на настаните нема да ве остави без леб, но сигурно е дека ќе ве остави без сѐ друго.

А може да оди и на некои билборди или како непрекината порака на малите екрани.

„Субмедиокритетската маса“ не може да се ангажира во спасот на Македонија, таа е вовлечена и фиксирана во светот на лагата, ќе се оправи во моментот кога спасот ќе ја смени општата атмосфера. Но, сѐ друго мора да се извлече од силата на тежата на „вмровската есхатологија“ односно за крајот на Македонија во вмро и на вмро во тој крај, затоа што без Македонија и организацијата ќе остане без смисла и ќе отиде у курац. Мораме да ги вратиме во центарот, значи не лево, макар што на левата страна удолнината е поблага, значи во центарот, да ги извлечеме од позицијата во која со изгризаните нокти се држат за симсот откако се лизнаа на десната страна на светот која некаде завршува со диктатура, некаде со фашизам, а кај нас ќе заврши со испарување на националната и државотворна супстанца односно со обесчовечување на Македонците.

И тоа веќе се случува.

Не е проблемот во тоа што утре-другиден ќе станеме Бугари, Срби или Грци, туку што пред тоа ќе мораме да поминеме низ „топлиот зајак“ на идиотизмот.

Вангел Ноневски, чиј текст тука го цитирав, укажува дека „откопувањето на Македонецот од говната на вмро ќе трае многу долго.“ Истото го тврди и Марко Видојковиќ, српски писател и колумнист, релоциран книжевник поради смртните закани што ги добива во врска со своите критички ставови кон режимот, инаку полумакедонец, дека срањата, во Србија на Вучиќ и во Македонија на Груевски, ќе мора да се чистат со децении, односно дека е глупаво тоа што Македонците се разочарале што тоа не е завршено за година-две.
Пред два дена потсетив на зборовите на професорот Пуховски за Хрватска:

„Работите не можат да се решат со морализирање, ниту со цврста рака, можат да се решат само со мали, но постојани промени, сѐ друго се распаѓа.“

Истата работа што професорот Тричковски ја зборува за Македонија.

Науката е насекаде иста.

Хахаха!

Башка што и тој не верува дека критичарите на корупцијата можат да му одолеат на тој порок кога ќе дојдат во прилика.

Нема волшебни решенија.

Освен во главата на Жмицко, ама тој е гение.

Нас, меѓутоа, не може да нѐ води гениј.

Нам ни треба нормален човек со многу знаење и добри намери.

И само уште нешто.

Социологот Џејмс Дејвисон Хантер ја употребува синтагмата „културни војни“ како средство за одредување на тоа кој е „добар“ Американец, наведувајќи го тој феномен како најопасен за опстанокот на САД. Уште пред три децении, Хантер објаснил дека фундаменталниот расцеп во американското општество не оди преку етничките, класни, политички или идеолошки основи, туку преку спротивставените погледи на свет, односно натпреварувачките системи на моралното разбирање. Бидејќи Америка себе си се доживува како морален проект, не постои начин тој расцеп да се избегне. Следејќи ја логиката дека проблемот кој не може да се реши престанува да биде проблем и прераснува во структурна карактеристика, потребно е да се научи да се живее со него.

Јас наоѓам многу паралели со нашата слатка Татковина.

Колку и да ви се чини тоа изнасилено, несоодветно или претенциозно.

Фундаменталниот расцеп во Македонија оди преку спротивставените погледи на свет, односно преку натпреварувачките системи на моралното разбирање. Ние тука немаме опозиција во вмро, туку точно тоа што го дефинира Ноневски, идеја за завршување на Македонија во вмро. Врз тоа говно за лизгање. Нивниот систем на моралното разбирање е деструкцијата и дисолуцијата, а не конституирање во подобар морално посупериорен свет. Нивната проекција е преобразба на Македонија преку исчезнување како национален субјект. По дефиниција, значи дури и независно од нивната волја. Во војната на културите тие се антикултура. Можеме ли да научиме да живееме со тоа чудовиште? Кое за „добри“ Македонци ги смета само простаците, глупаците и будалите. Не верувам.

Ете зошто толку многу се занимавам со темата.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот. | Извор: FRONTLINE
Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВагнеријанцивладеењеврмоЖмицкомакедонизамСкопје 2014
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ