Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи но процесите се очекува да бидат послаби. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ=6
Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната температура од 19 до 25 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди, а попладне со услови за појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Температурата ќе се движи од 14 до 24 степени.
Потоа и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, а процесите ќе бидат со променлив интензитет.