Со значително помало присуство на родители на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ од 16 март, и нивни поддржувачи вечерва во Кочани помина 17. Марш за ангелите.
Вообичаено, свирежи и извици на револт имаше најмногу пред кафулето „Класик“ во Трговски, пред зградата на Општината, УЈП, полицијата и пред Судот. Овој пат, родителите налепија транспаренти со свои пораки на општинската, полициската и на зградата на Основниот суд во Кочани, упатувајќи заканувачка порака дека на оној што ќе ги отстрани, му посакуваат да го снајде иста судбина како нивната.
Протестот во Кочани денес пред полицијата ” Вие сте виновни за смртта на нашите деца”. Престанете со закани на родителите и младите, полицијата треба да е огледало на државата а не да изиграва плашило на бостан. Видео од ТВ Кочани.
АЛФА, Сител,Канал 5, МРТВ известија? pic.twitter.com/qGbDbmQ7Qh— Anticorruption🇲🇰🇺🇦🇵🇱🇭🇷🇩🇪 (@0_0a023310) August 9, 2025
Родител на починато момче ја обвини кочанската полиција дека нивни службеници имаат најголема вина за смртта на нивните деца, затоа што кобната ноќ ја затвориле врата на дискотеката „Пулс“, па нивните деца гореле затоа што не можеле навреме да излезат.
Рекоа дека на правосудниот систем не му веруваат, посочувајќи ги странските дипломати и новинари, кои според нив, кога доаѓале кај нашите политичари, им укажувале дека судството не ни функционира и после 35 години самостојност.
Родителите најавија дека и понатаму ќе продолжат со марширањето за нивните ангели.
Извор: МИА
фото: Скриншот