• Latest

Противпожарната заштита три децении со недоволно инвестиции, недостигаат 500 пожарникари

August 7, 2021

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Противпожарната заштита три децении со недоволно инвестиции, недостигаат 500 пожарникари

August 7, 2021 14:26
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Дека во изминатите 30 години недоволно се инвестирало во противпожарните служби, се докажа и во справувањето со пожарите кои ја зафатија деновиве земјата. На површина излегоа системски слабости, меѓу кои и недостатокот на соодветна опрема и пожарникари. Законот налага минимален број пожарникари по број на жители, но ретки се општините во кои тоа е запазено.

Пожарите што ја зафатија Северна Македонија, го отворија прашањето сее потребни измени на Законот за пожарникарство, за негово поефикасно спроведување во пракса, но и на формирањето на доброволните противпожарни друштва, по примерот на некои соседни држави.

Законот налага минимален број пожарникари по број на жители, но ретки се општините во кои тоа е запазено. Во најголем број од нив, бројот на пожарникари е многу помал. Во пракса, Законот не се спроведува и во делот дека помалите општини, во кои нема противпожарни служби, треба да исплаќаат одреден финансиски надомест за пожарникарските интервенции.

Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, за МИА изјави дека тоа е долгорочен проблем со кој се соочуваат како локална самоуправа.

“Пробавме да најдеме соодветно решение, меѓутоа, за жал, од соседните општини немаме поддршка и разбирање. Понудивме договори за меѓуопштинска соработка каде точно со закон е регулирано дека за да се добие некоја општинска услуга треба да се има и договор за меѓуопштинска работа. За жал, тие договори не беа потпишани од нивна страна”, истакнал Илијев, апелирајќи до соседните општини Зрновци и Чешиново-Облешево да размислат и дел од средствата од буџетите да ги пренаменат за потребите на противпожарната служба.

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации покажа дека на државата ѝ недостасуваат над 500 пожарникари. Во најголем дел од општините, бројот на пожарникари е под законски утврдениот минимум, а во оние општини кои го задоволуваат минималниот број, противпожарните служби велат дека имаат потреба од повеќе вработени/ МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ