До Државната изборна комисија денеска пристигна првиот приговор за „лично избирачко право“ кој е во обработка , а доаѓа од Штип.
Во јавна објава СДСМ Штип, преку советничката во Општина Штип, Маријана Рогожарска, објаснија дека приговорот е од нивна страна и дека се работи за сериозно кршење на Изборниот законик од градоначалникот Иван Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ.
„Денес поднесовме претставка до ДИК за сериозно кршење на изборниот законик од страна на Иван Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ. На автобуси на ЈП „Стипион 2011“ се појавија негови фотографии, број и слоган – јасна злоупотреба на јавни ресурси за партиски цели“, изјави Рогожарска, додавајќи дека се очекува од надлежните институции да постапат и да стават крај ваквото однесување.
ДИК за утре закажа две седници со почеток во 11 часот.