• Latest

Пешкири (летна приказна)

July 9, 2017

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Пешкири (летна приказна)

July 9, 2017 18:33
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Пешкирот е многу важен во животот. Бел или во боја, со апликации, пораки, шари, орнаменти… Важно, да е пешкир. Тоа е главно орудие за означување територија. Означување со нешто друго е несериозно и непрофесионално.

Пишува: Џабир Дерала

Лежалката за плажа им припаѓа на сите или никому, сè до свечениот миг кога ќе се стави пешкир на неа. Тоа е она олимписко чувство на освоена лежалка. Со пешкир!

Ако имаш два пешкира, тогаш може да се зафатат две лежалки, без оглед на тоа дали ќе ти требаат двете. За секој случај! Тоа е проста „миле-ми-текна“ математика – една лежалка со пешкир е помалку од две лежалки со пешкир. Башка, ако после некое време ти здодее едниот пешкир или ако го зафати жешко сонце, може да се префрлиш на другиот пешкир, во сенка. Ако имаш два пешкира, можеш херојски да го тргнеш едниот и да отстапиш лежалка на мајка со дете и да покажеш ретко човекољубие.

Пешкирите живот значат. Човек без пешкир е изложен на непотребни погледи и проценки. Човек со повеќе пешкири може да освои повеќе простор под сонцето и под сенка, истовремено. И да не го привлече вниманието, особено не онаму кај што го оставил пешкирот, ама не легнал таму. Оваа убиствено едноставна филозофија може многу да значи за градењето на личниот статус, особено ако се работи за нова плажа.

Имај си најмалку еден нов и еден стар пешкир постојано – тоа е веќе стара мудрост. Користи го новиот пешкир додека да се натопиш. После, слободно користи го стариот пешкир.

Стариот пешкир може да ти го суши задникот, а новиот да ти го штити грбот.

Новиот пешкир може да биде корисен и за други работи, на пример, да го привлече вниманието на вистинскиот пар очи на плажата. Звучи неверојатно, но ова е посебно важно во случај да си оставил повеќе стари пешкири на стратешки места по плажата.

Најдобро е кога никој не знае колку пешкири имаш. Важно е да си ја обележиш територијата и да ги користиш бенефициите од сите лежалки што си ги зафатил. Трај и прај. Сонце или сенка, без пешкири си никој и ништо.

Tags: борба за моќопортунизам
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ