На панелот „Проширување на ЕУ“ во Минхен, албанскиот премиер Еди Рама изјави дека изборот на Доналд Трамп за шеф на Белата куќа е „најблагородниот божји чин кон ЕУ“, пренесоа албанските медиуми.
Рама рече дека изборот на Трамп треба да послужи за да и се даде шанса на Европа да се разбуди и да не биде „толку самореферентна“.
„Изборот на Трамп е најблагородниот чин на Бога, кон ЕУ, да и се даде шанса на Европа да се разбуди, а Европа прво треба да престане да биде толку самобендисана. Се согласувам со Марта (Кос) дека вредностите и принципите што ги обединуваат земјите-членки треба да останат такви, но тие не треба да бидат услови за да се има пријатели на овој свет.
Мора да научиме да бидеме пријатели со другите, иако тие имаат различни вредности, различни начини, различни мислења за тоа како треба да се води животот. На крај, Европа мора да размислува и за моќ и за конкурентност, ако не можеме економски да се натпреваруваме, нема да можеме ништо друго. Во овој момент Западен Балкан е земја на можности“, рече меѓу другото Рама во Минхен.
Д. Т.