Кабинетот на претседателот на Украина денеска соопшти дека издејствувал ослободување на 32 украински војника како дел од размената на заробеници со Русија и дека е преземено телото на Израелец кој се борел на страната на Украина.
Денеска беше извршена уште една размена на затвореници, успеавме да ослободиме 32 војника и да го земеме телото на Израелецот Дмитро Фијалко, напиша на Телеграм шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак.
Не е наведено колку руски војници биле разменети.