• Latest

Реакции на изјавата на Агатангел, Владиката Тимотеј се огради, Синодот не поддржува ниедна партија

February 15, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Реакции на изјавата на Агатангел, Владиката Тимотеј се огради, Синодот не поддржува ниедна партија

February 15, 2022 15:06
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролот наСинодот на МПЦ-ОА, Тимотеј во изјава за „Слободен печат“ се дистанцира од изјавата на владиката Агатангел, кој вчера по повод празниот Свети Трифун испрати политичка порака, дека „ВМРО-ДПМНЕ е најголемата и најсветата партија“ во државата и оти верува дека Господ и Богородица ќе му помогнат наХристијан Мицкоски да го врати сето македонско и национално.

Владиката Тимотеј вели дека личниот став на владиката Агатангел не е став на МПЦ -ОА.
– Тоа е личен став на владиката. Не можам да предвидам дали и што ќе преземе Синодот  за изјавата на владиката, не сум гатач. Но со тоа што велам дека станува збор за лични мислења, значи дека Синодот се дистанцира од неговата изјава. МПЦ е национална, божествена и човечка црква која ги обединува и не ги дели луѓето. Ние не можеме да бидеме поддржувачи на ниедна партија – ни изјави владиката Тимотеј.

 Верски аналитичар Бранко Ѓорѓевски за изјавата на владиката Агатангел, кој по повод празникот Свети Трифун испрати политичка порака, дека „ВМРО-ДПМНЕ е најголемата и најсветата партија во државата“ и оти верува дека „Господ и Богородица ќе му помогнат на Христијан Мицкоски да го врати сето македонско и национално“ смета дека е сериозен истап со кој се нарушува принципот на секуларноста во државата.

Ова е отворено и директно мешање во политиката, фаворизирање на една политичка партија и поделба меѓу граѓаните, изјави Ѓорѓевски за Слободен печат.

– Владиката Агатангел вчера направи еден сериозен истап со кој се наруши уставниот принцип на секуларноста во државата. Ова посебно го мислам во однос на неговите зборови со кои тој, најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ ја квалификува како „најголема и најсвета партија“, именување на партискиот лидер Христијан Мицкоски како „наш претседател“. Тоа е отворено и директно мешање во политиката, фаворизирање на една политичка партија, искажување на партиска определеност на еден црковен великодостоинственик, правење на поделба меѓу граѓаните врзо основа на партиска определба… Сето ова не му доликува на еден црковен достоинственик кој треба да биде духовен лидер во чијашто душа и срце ќе има место за сите граѓани и субјекти во општеството. Мислам дека, досега, не сме имале вакви примери на искажување на партиски определби кај еден црковен достоинственик кој употреби и тешки метафори за другите партии – вели за „Слободен печат“  новинарот и верски аналитичар Брано Ѓорѓевски.

Тој објаснува дека и досега верски достоинственици присуствувале на партиски конгреси, на собири, што е индикативно но, не и недозволиво. Ѓорѓевски смета дека ваквата пракса на владиката Агатангел мора да престане доколку тој навистина сака да биде духовник кој ќе биде прифатлив и кој ќе се грижи за сите граѓани кои се од различна политичка провиниенција.

– Тој треба да сфати дека на ваков начин прави уште подлабоки поделби во нашето, и онака длабоко, поделено општество – вели Ѓорѓевски.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ