Честитката на Руската амбасада во Скопје по пововод православниот христијански празник Велигден наиде на осуда кај граѓаните. Дел од граѓаните велат дека Русите нема потреба да се кријат зад религијата, бидејќи ако имаат верба во Бога немаше да убиваат луѓе, да прават војни, местенки, злосторства и ликвидации…
Еден коментар гласи: „А на украинскиот народ им го честитате со проектили?“, додека во друг коментар стои дека „и Украинците се православни христијани, но сепак ја бомбардиравте Одеса. Резултатот од тоа бомбардирање се цивилните жртви меѓу кои и три месечно бебе“.
Објавата на Твитер на Амбасадата на Руската федерација во Република Северна Македонија има околу 200 допаѓања.
Д. М.