ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Како почетокот на евроинтеграциите на Албанија ќе се одрази на нашата земја?
Во пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека или нема многу да влијае или ќе се покаже како со Бугарија, со вадење на албански пасоши.
„Многу едноставно: бугарски пасоши, албански пасоши, многу просто, како „пасуљ“.
„Нема да се одрази никако, понеже сите негативни одрази земјата, нацијата, државата, општеството и луѓето, веќе ги доживеаја од злосторничката инсталација на чипираните идиоти што се вика вмро дпмне и, всушност, веќе не постојат, не постојат како меѓународни субјекти, а не постојат и како внатрешни субјекти, обична биомаса и ништо друго!“
„Никако. Овој народ за ништо не се секира, го боли таквото.“
„Сите ќе почнат да аплицираат за албански пасоши“.
.„Лошо. Уште една можност за поставување дополнитлени услови во врска со албанското малцинство. Одолговлекување на статус кво на Македонија со позадински стремежи на компањоните на белодворците од надвор за друг државен статус на Македонија по основа на територијална поделба. Пак ќе биде актуелно логот на Доста: „од Гручин натаму не ме интересира“. И тоа додека хистеризираат атмосфера на антибугаризам во државата.“
„Ќе плачат нашиве „патриотчиња.“
„Болно, многу болно за нас.“
Б. Ј.