• Latest

Регионалните лидери на „Преспа форум дијалог“ со едногласна поддршка за Северна Македонија и Албанија

July 3, 2021

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Регионалните лидери на „Преспа форум дијалог“ со едногласна поддршка за Северна Македонија и Албанија

July 3, 2021 10:18
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Силна поддршка за пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија во контекст на зголемување на регионалната стабилност, но и стабилноста на Европа воопшто, како и разочарување поради бугарската блокада за почеток на преговорите со земјава, која ја засегна и Албанија беше изразена изминатите два дена од високи претставници на САД, на Европската Унија, регионални лидери.

Изминатите два дена во Охрид се одржа Првата меѓународна конференција во рамки на Преспа форумот за дијалог, во организација на Министерството за надворешни работи, а под покровителство на Владата, на која учество земаа околу 300 високи домашни претставници, но и високи претставници на Европа и САД, меѓу кои премиери, претседатели, министри, генерални секретари на меѓународни организации, европратеници, претставници на граѓанскиот сектор.

Сите едногласни дека регионот на Западен Балкан е природен дел од Европа, блокирањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија е неправедно, но и непрактично од геостратешка гледна точка. Пристигнаа пораки и дека билатералните спорови кои задиираат во историјата се непродуктивни, бесмислени, нешто што е надвор од контекст на европските вредности, но и дека со јунската одлука на Унијата се поткопува нејзиниот кредибилитет.

На Конференцијата присустуваа високи претставници на САД, помошник-државниот секретар на САД задолжен за Европа и Евроазија, Филип Рикер и американскиот заменик-помошник државен секретар, кој е специјален претставник за Балканот, Метју Палмер.

Двајцата со силна поддршка од САД за евроинтегративниот процес на Северна Македонија и забелешка дека со блокадата за почеток на преговори со земјава и Албанија, геополитичките конкуренти агресивно се обидуваат да го нарушат кредибилитетот меѓу САД и ЕУ, а и самиот регион се сомнева во интегритетот на заедничката колективна определба.

Рикер на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев по завршувањето на Конференцијата порача дека пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ ќе ја зголеми не само регионалната, туку и стабилноста на Европа.

-САД ги поддржуваат земјите-членки на ЕУ да ја одржат првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и со Албанија и без одложување да ги остварат своите заложби и ветувања, Истакна Рикер.

Последните одлуки што ги блокираа евроинтегративните процеси на земјава, според Рикер, го поткопуваат кредибилитетот на ЕУ во регионот и во меѓународни рамки и се испраќа погрешен сигнал дека ЕУ го напушта регионот.

Рикер и Заев, заедничка прес конференција „Преспа форум дијалог“

– Не верувам дека тоа е така и затоа порачуваме дека е потребно неодложно отпочнување на претпристапните преговори и за Северна Македонија и за Албанија, истакна Рикер.

Палмер, пак во текот на панелите на Конференцијата, нагласи дека блокадата влијае и на вложувањата на САД и ЕУ во регионот, а придонесува и за зголемување на скептицизмот и во самиот регион.

– Нашите геополитички конкуренти агресивно се обидуваат да го нарушат кредибилитетот меѓу САД и ЕУ, а и самиот регион се сомнева во интегритетот на нашата колективна определба, истакна Палмер.

Тој ја подлече важноста на историскиот Договор од Преспа на Северна Македонија со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, за коишто посочи дека се примери за поголем регионален ангажман на Северна Македонија во корист на нејзините граѓаните.

Од македонска страна на форумот е испратена порака дека отворањето на пристапните преговори за членство во Европската Унија останува највисок стратешки приоритет и дека земјата нема да отстапи од изнаоѓање заеднички прифатливо решение со Република Бугарија засновано врз европските вредности и стандарди.

– Посветени сме да работиме со добра волја на имплементација на Договорот за пријателство и добрососедство на сите области од заеднички интерес, вклучително и на Комисијата за историски прашања, но има некои прашања за кои не може да се преговара. Брисел треба чесно да се соочи со ситуацијата во која е ставена стратешката определба за натамошно проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан и да смогне сили да го објави тоа решение до Самитот ЕУ за Западен Балкан, кој ќе се одржи оваа есен, истакна премиерот Заев.

 

На заедничката прес-конференција со Рикер, Заев уште еднаш повтори дека македонскиот јазик и идентитет се надвор од преговорите со Бугарија.

– Тоа им е јасно и на помалку упатените во проблематиката, на сите земји-членки на Европската Унија, на целиот регион и на целиот демократски свет, предводен од САД, рече Заев.

Од друга страна, вчера опозицијата најави дека ќе поднесе резолуција во Собранието во која се дефинирани и заштитени македонските позиции во преговорите со Бугарија.

-Ако СДСМ вели дека македонскиот идентитет е заштитен, тогаш треба да го прифати овој текст. Највисоките научни институции во Македонија го имаат дадено овој текст како своја рефлексија на спорот со Бугарија. Да го поддржиме заеднички во Парламентот зашто овој документ треба да биде натпартиски, да добие општествена поддршка. Истиот овој документ е производ на МАНУ и најстариот универзитет „Св. Кирил и Методиј“, а е поддржан од МПЦ-ОА Јустинијана Прима. Доколку власта не ја поддржи оваа резолуција или не нападне затоа што ги оцртуваме јасно контурите позади кои треба да добиеме општествена поддршка, а тие контури не ги оцртало ВМРО-ДПМНЕ, туку највисоките научни институции во државата како МАНУ и УКИМ, тогаш Зоран Заев и СДСМ ќе потврдат дека преговараат за македонскиот идентитет, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Од власта порачаа дека немаат дилеми да разговараат за се со опозицијата.

-Ние секој пат сме биле инклузивни, транспарентни во процесот и така ќе продолжиме. Немаме дилеми да разговараме за се со опозицијата и сакаме да видиме каков било документ или слично, но пред се и над се ќе ги заштитиме државните интереси од сите можни аспекти, од аспект на тоа што и до сега го правиме, заштитувајќи го нашиот дигнитет, нашиот идентитет, нашиот македонски јазик и нашата посебност како македонски народ, но исто така заштитувајќи ги државните позиции заради целта – постигање на решение во кое нема ништо да му фали, ниту ќе биде ставен во какви било разговори или преговори, она што ни е наша светост, а тоа е македонскиот јазик и македонскиот идентитет, изјави вчера премиерот Заев, одговарајќи на новинарско прашање од МИА.

Од Европа, како што рече, очекуваме да ги заштити идентитетите на сите, вклучително и нашиот.

-Впрочем и Република Бугарија вели дека ја прифаќа реалноста за македонскиот јазик и македонскиот народ, разговаравме за патоказот, согласно кој ги дефиниравме области, ги задолжуваме институциите и ги одредуваме роковите за зголемувањето на ефикасноста на соработката меѓу двете земји. Како на пример интензитетот на историско образовната комисија, колку често да се среќаваат, да ги охрабриме да изнаоѓаат решенија, кои што ќе не прават пријатели, не решенија коишто ќе не делат, рече Заев.

Нагласи дека сето она што се однесува за јазикот е формулацијата, која веќе ја кажал, а тоа е дека станува збор за слични, но различни и меѓународни признати јазици.

Државите членки на ЕУ да ги исполнат своите ветувања, Западен Балкан останува фокусиран на евроинтеграцијата и регионалната соработка 

Учесниците на Преспа форумот за дијалог кои два дена дебатираа во Охрид порачаа дека Западен Балкан е дел од Европа и дека билатералните прашања не треба да бидат на преговарачката маса. ЕУ треба да ги исполни своите ветувања.

Особено регионалните лидери го посочија значењето од интегрирањето на регионот во Унијата, потенцирајќи дека за земјите во него тоа е единствениот природен пат.

Борут Пахор, претседателот на Словенија, актуелниот претседавач на ЕУ, порача дека проширувањето на Унијата кон Западен Балкан е предуслов за стабилна, просперитетна иднина на Европа.

Нагласи дека одложувањето на почетокот на преговорите со Северна Македонија не е разумно и оти е политички и морално погрешно.

Борут Пахор – „Преспа форум дијалог“

Тој најави дека како претседател на Словенија која е актуелен претседавач со ЕУ, но и во име на Владата во Љубљана, ќе направи се за деблокирање на процесите на интегрирање на Северна Македонија и на Албанија во ЕУ. Активностите во таа насока ќе почнат веќе наредната седмица, кога заедно со премиерот и шефот на словенечката дипломатија ќе отпатуваат за Софија, во обид да се деблокира евроинтегративниот процес и С.Макеоднија и Албанија да отпочнат преговори за членство.

Пахор во обраќањето пред учесниците на Конференцијата истакна дека проширувањето на ЕУ со земјите со Западен Балкан е геополитичко прашање од највисок приоритет. Тој укажа на потребата самите земји од регионот да ги забрзаат реформските активности, но повтори дека самото проширување е сепак прашање од витален интерес на самата Унија.

Албанскиот премиер Еди Рама, чија земја е директно засегната од јунската одлука на ЕУ, истакна дека земјите од регионот ќе продолжат да спроведуваат реформи, да исполнуваат критериуми, да прават се што се бара од нив, но, како што рече, почетокот на преговорите и членството во Европската Унија не зависат од нас.

Еди Рама – „Преспа форум дијалог“

Рама напомена дека европскиот пат е единствениот пат, но сепак одлуките се носат на ниво на Унијата со консензус, а она што во овој момент му преостанува на регионот е да работи на јакнење на меѓусебната соработка.

– Музиката, која постојано ја слушаме од Европа е дека треба да продолжиме, но не станува збор за тоа дека Албанија и Северна Македонија и другите земји во регионот треба да се спакуваат, да се стават на брод и да се испратат во Европа, станува збор за градење на нашите земји да функционираат како секоја друга земја-членка на Унијата. А потоа дали ќе бидеме дел од ЕУ не зависи од нас, тоа не е во наши раце, не сме ние тие кои одлучуваме за тоа, истакна Рама.

Нагласи дека во овој момент ние како регион може да направиме многу нешта, имаме можност да ја зајакнеме меѓусебната соработка, заедно да притискаме за нештата во регионот да станат подобри, да работиме на подобрување на нашите стопанства, создавање поголем простор на нашите претприемачи, за младите луѓе.

– Затоа што сами и свртени со грб сме мали, но заедно сме во разумна мера доволно големи, порача Рама.

Неговата српска колешка, Ана Брнабиќ, изјави дека тоа што и се случи на Северна Македонија е опасен преседан.

-Билатералното прашање на интерпретација на потеклото на некој јазик или историја не е прашање кое треба да се однесува на ЕУ, рече таа, нагласуваќи дека земјите од регионот треба да продолжат со активностите поврзани со европската интеграција, но потребно е повеќе да се концентираат и на регионалната соработка, на работите што треба да ги направат заедно за да го зголемат квалитетот на животот на сите граѓани.

Ана Брнабиќ и Зоран Заев – „Преспа форум дијалог“

Таа нагласи дека во однос на европската инеграција, што и да направиме, на крајот одлуката останува на секоја земја-членка.

– Тоа е сложен процес и станува се покомплициран, како што видовме со примерот на Северна Македонија. Повеќе не се работи за европски вредности, за напредок во клучните области, сега се внесуваат билатерални прашања и тоа не билатерални во вообичаена смисла, туку прашања на јазик, толкување на лингвистика, историја. Тоа се работи за кои навистина не може да извршите никакво влијание, порача српската премиерка.

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, од своја страна пред говорниците посочи дека најасната политика на ЕУ кон Западниот Балкан води кон пад на евроентузијазмот, што пак остава простор за пенетрација на трети страни и појава на лоши политики во регионот.

Ѓукановиќ истакна дека за да се избегнат негативни појави неопходно е засилено присуство на Европа на Западниот Балкан, со реално согледување на геополитичката важност на регионот. Тој истакна дека охрабрувачки се пораките што доаѓаат од Вашингтон по промената на власта за обнова на евроатлантизмот, како и позитивните рефлексии од поважните центри во Европа.

Европските преставници со разочарување поради непочетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија, но и со порака дека на тоа се гледа како на неуспех на Европа.

Порака од една од навлијателните членки на Унијата, Германија пристигна од државниот министер за Европа Михаел Рот, кој истакна дека билатералните прашања, како актуелното со Северна Македонија и Бугарија не треба да бидат препрека за интегративниот процес.

– Искрено жалам што на Советот на ЕУ не се донесе одлука за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија заради ставот на една држава, рече Рот.

Еврокомесараот Јоханес Хан рече дека непочнувањето преговори на Северна Македонија и Албанија за пристапување кон Европската унија е јасен неуспех на Унијата.

Тој изрази жалење за таквиот чекор, посочувајќи дека Европската комисија има донесено многу извештаи за испорачани резултати од двете земји. Верува во словенечкото претседателство, иако, како што рече, шест месеци е кратко време, но во политиката некогаш може и да е доволно за да се постигне нешто.

На конференцијата многу се говореше за Преспанскиот договор, како успешен пример за решавање на еден навидум нерешлив спор, речиси тридецениски, како светол пример во меѓународната политика, дека со вистинско лидерство, како тоа на Заев и поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас може да се надмине навидум ненадминливото.

Учесниците на Конферененцијата, посочија дека токму овој Договор може да послужи како пример во надминувањето на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, а самиот Ципрас испрати порака до Бугарија со охрабрување да направи исчекор напред.

– Знам многу добро колку е тешко да најдеш решение и излез од чувствителни прашања, но неопходно е тоа да го направи за да се отвори процесот. Неопходно е Бугарија да испрати пораката дека дел од иднината на Балканот, европскиот Балкан што можеме и треба да го градиме заедно, а не еден спроти друг… истакна тој, притоа повикувајќи на обнова и на дијалогот меѓу Приштина и Белград.

Ципрас и Заев – „Преспа форум дијалог“

Ципрас смета дека Бугарија треба да вложи напор за да не претставува дел од проблемот, туку дел од решението.

– Верувам дека треба наредниот период Бугарија да го вложи секој напор за да не претставува дел од проблемот, туку дел од решението. Ќе треба да го вложи секој напор, така што ќе се најде излез и да не настојува на алтернатива без излез-вето. Европското семејство продолжува напред со согласност, а не преку негации и вето. Верувам дека ЕУ треба да ја охрабри Бугарија да следи правилен пат, истакна Ципрас вчера во интервју за телевизија 24.

Првиот Преспа форум за дијалог, кој цели да прерасне во традиција за размена на идеи за унапредување на регионалната и меѓународната соработка, неговиот домаќин, шефот на дипломатијата Бујар Османи го оцени како новиот бренд на Северна Македонија.

–Успеавме да покажеме, но пред сѐ и себеси да си докажеме, дека сме рамо до рамо со нашите партнери и пријатели кога се работи за нашиот придонес во меѓународните односи. Од денес, Северна Македонија добива место на мапата на меѓународната заедница како сериозен партнер и точка од која произлегуваат позитивни иницијативи, оцени Османи вчера на прес-конференција на која ги пренесе заклучоците и постигнатите цели од Првата конференција.  

Бујар Османи – „Преспа форум дијалог“

Зборувајќи за постигнатите цели, Османи нагласи дека на форумот е демонстрирана волја за зајакнување на меѓусебните дијалози на највисоко ниво, реафирмирана е интенцијата за зајакнување на взаемната доверба и за реализацијата на заедничките цели за стабилен, просперитетен и интегриран регион во европските структури. 

На Конференцијата немаше претставник на бугарските власти, а на прашањето како го толкува неучеството премиерот Зоран Заев вчера за ТВ 21 рече дека нема одговор и оти тоа не е добра порака.

И покрај горчината поради недавањето зелено светло за преговорите за членство во ЕУ од страна на соседната држава, како што порача, и двете страни имаат обврска да го градат и негуваат пријателството.

-Покани испративме уште кога почна организацијата. Тогаш се уште премиер беше Бојко Борисов, па дојде нов премиер, времениот или техничкиот премиер господинот Стефан Јанев. Уште еднаш испративме и до претседателот како што е редот – до сите. Имавме најави дека ќе има претставници овде, но за жал не дојдоа. Ќе ги видиме причините, ние немаме одговор. Сигурно после тоа ќе видиме кои се причините, но не е добра порака. Во најмала рака можеби е кабаетлук, не знам, се надевам дека е, затоа што ние сме пријатели. Иако има горчина, иако има пораки кои што не разделуваат со ова недавање зелено светло од страна на првиот наш источен сосед Република Бугарија, верувам дека пријателството понатаму мора да се гради помеѓу двете страни и двете страни имаат обврска тоа пријателстсво да го негуваат. Така што верувам дека не е лоша намерата, односно ќе имаат достоинствено објаснување зошто немаше претставник од Бугарија, истакна Заев.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ