„Да и помогнам на Весна Дамчевска-Илиевска од иницијативниот одбор за реформи во ДПМНЕ.
Денес изјави дека, некои ликови и се заканувале, ја вознемирувале дома, ширеле говор на омраза и вулгарни зборови зошто имала став за реформа во нејзината партија“, пишува на Фејсбук поранешната потпретседателка на Собранието од редовите на СДСМ, Фросина Ременски.
„Еве може да се сврти позади неа. Може ќе препознае ликови кои организираат и протестираат пред куќи. Тие ликови го организираа и направија протестот пред мојот дом по повод гласањето на законот за јазиците со сета бруталност од омраза и насилство и не одговараа. И во Аеродром кај Диме протестираа.
Јас ги препознавам и под маски и под фантомки и во темница.
“Не знам” што и е заедничкиот именител во иницијативниот одбор со тие што знаат да го организираат тоа на што денес се жали?“, додава Ременски.
Таа истакна дека осудува секаков вид на насилство и закани, додавајќи „ќе беше добро за уво во тој период да се слушне иста осуда“!












