• Latest

„Револуција“ во изборен молк

April 26, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Револуција“ во изборен молк

April 26, 2019 12:55
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На социјалните мрежи сѐ уште е активен повикот „Мандат револуција“ закажан за 4 мај пред Собранието на Република Северна Македонија, ден пред вториот круг од претседателските избори. Настанот е администриран од Фејсбук страницата Република Македонија, а образложението за одржување на настанот е „незадоволството на граѓаните“.

Крајната цел на анонимните организатори сѐ уште не е позната, ниту за јавноста, а веројатно ниту на самите организатори. Единствено што е јасно е дека одржувањето на „револуцијата“ претставува сериозно кршење на изборниот молк.

Од самата страница и од содржината на повикот лесно може да се претпостави во која партиска кујна се продуцира овој онлајн пропаганден материјал со кој се крши Изборниот законик. Повикот може да се протолкува единствено како политичка пропаганда во изборен контекст. Без оглед на тоа дали се работи за повик да се гласа за одреден претседателски кандидат или е своевиден повик за бојкот на претседателските избори во вториот круг, ова кршење на изборниот молк во најава содржи и отворен говор на омраза врз етничка основа, со нагласувањето на „албанскиот политичар“ како најголемата опасност на македонскиот народ, како и врз политичка основа, нагласувајќи го „македонскиот политичар“ кој, заедно со „албанскиот политичар“ претставува „закана“.

Воедно, повикот дополнително е злоупотреба и манипулација на идејата граѓанските демократски иницијативи, меѓу другото, со слоганот „Нема правда, нема мир“ со кој се прави обид да се присвои граѓанскиот отпор во периодот до 2016 година.

„Нема лоша влада, сите се добри за рушење“, „Паралелното општество се однесува на самоорганизација на етничко или религиозно малцинство, со намера да се намалат или минимализираат просторни, социјални и културни контакти со мнозинското општество. Тоа е нашата реалност во Република Македонија“, „Кој нема избор, има избори“ се само дел објавите на настанот.

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повика Министерството за внатрешни работи и Државната изборна комисија, соодветно на своите законски надлежности да преземат мерки да се спречи кршењето на изборниот молк што е повеќе од очигледно од овој пропаганден атак на социјалните мрежи.

ЦИВИЛ објави дека се нотирани „над 40 случаи на кршење на изборниот молк, а меѓу оние кои го кршат изборниот молк се наоѓаат и политички партии, активисти, вработени во јавни институции, но и граѓанки и граѓани. Забележани се и содржини на дел од интеренет порталите што не се придржуваат до изборниот молк и објавуваат манипулативни содржини и текстови што ги содржат имињата на политичките партии и нивните кандидати за претседател“.

Маја Ивановска

Share46Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ