• Latest

„Од нива до трпеза“ со премиерот Брајан Мицкоски

June 15, 2025

Русија повторно ја нападна украинската железница: двоен удар врз патнички воз во Запоришката област

July 18, 2026
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

„Од нива до трпеза“ со премиерот Брајан Мицкоски

June 15, 2025 12:39
in ES-PRESS-O, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

На патот „од нива до трпеза“, премиерот Мицкоски нареди бисер по бисер од изјави. Небаре премиер кој се прославил со својот труд да ја направи Нашата земја почитувана, демократска, интегрирана со Европа и светот – тој одговара на прашања за најгорливите светски кризи со крајна леснотија, чиниш зборува за облините на тиквите на пазар.

„Има кризен штаб во МНРиНТ, се следи будно состојбата преку извештаите кои што ги добиваме преку службени канали, така што не би коментирал повеќе од ова што го кажав“, изјави премиерот по отворањето на манифестацијата „Од нива до трпеза“ во Скопје.

А што, веќе кажа нешто? Или тоа беше сè?

Зошто не би коментирал премиерот на Нашата држава за „кризниот штаб“ за Блискиот Исток? Точно така, погодивте – не би коментирал затоа што не знае и не го интересира. Барем јас немам поинакво објаснување.

Па за трагедијата во Кочани не направи ништо повеќе од тоа да отвори телефонска линија! Да, вети дека ќе го „премести“ Кочани во Пониква – како да се работи за гајба домати, не за живи луѓе кои минале низ трагедија и сега се соочуваат со ужасните последици. И, се разбира, испозатвори едно чудо луѓе, а никој не почувствува ни правда, ни помош.

Но затоа ќе го реши судирот меѓу Израел и Иран, откако неговата претседателка ги спаси океаните.

Запрашан за неговиот вицепремиер Стоиљковиќ, кој не е излезен од руската амбасада – и руската цврста прегратка – премиерот вели дека „не треба да има дилеми околу ставот на Владата за руската агресија.“ Поточно, не одговори конкретно на прашањето – во моја верзија – што по ѓаволите бара вицепремиерот на државата (нашата) што е на руската листа непријателски држави на Денот на Русија, туку го премести фокусот онаму каде што ја чувствува вината.

„Ставот на Владата околу руската агресија е многу јасен, непроменет и прецизен. Присуството на вицепремиерот Изет Меџити во Одеса е јасна потврда, така што не треба никој да има апсолутно никаква дилема.“ Аха, Меџити е изговорот. Тенок, многу тенок изговор. Најмалку што може некој да заклучи од овој одговор е дека Мицкоски седи на две столици, од кои едната половина на површината со која седи е Стоиљковиќ, а другата Меџити.

Да не се работеше за ужасни и трагични настани, ќе кажев дека премиеров како да е излезен од македонска варијација од „Житието на Брајан“ на Монти Пајтон. Веројатно еден ден и ќе биде напишана една добра црна комедија – за овие години, кога пародијата и трагедиите станаа наша реалност.


Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ