• Latest
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026 10:08
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Војо Маневски

Некои зборови толку се одомаќинија кај нас што ги употребуваме како да се бонбони или лекови за притисок. Реформи ни се потребни, реформите се во тек или – уште еден таков израз – реконструкцијата е на ред, во тек е реконструкција и слични замајувања на здравиот разум без кој веќе не можеме да заспиеме. Исто како стотиците апчиња со кои го лечиме покачениот притисок а знаеме дека од нив големо фајде нема.

Што ќе реформираме кога не сакаме ништо да промениме? Да сме го реформирале изборниот законик . А зошто да го реформираме кога веќе се навикнавме на него а плус тој ни донесува стабилност на политичкиот пазар. Зошто сега да се реформира кога дел од нашите професори од правничката фела размислуваат како клиенти кои чекаат ред да влезат во стабилноста на политичките односи. Чекале неколку циклуси и сега кога извесноста на сегашниот изборен систем им навестува политичка кариера некој се обидува да бара промени. Стварно не е фер кон тие интелектуалци кои се однесуваат како играорци на сред село.

Најголема клетва на орото на сред село е кога дојде ред да го водиш орото и се скине тапанот. Каде сега да пукне пукналникот кога дојде на мене ред да бидам ороводец.

Зошто политичките партии би го менувале изборниот закон кога овој сегашниот модел им донесува извесност на резултатите? Се е разработено и  се сѐ одвива според предвиденото сценарио. Тоа што овој модел формира вакви партии каде критичката мисла се разбира како предавство или волјата на лидерот е политика на партиските органи за членовите па и за остатокот на граѓани кои учествуваат во изборите е нормална работа. Граѓаните што се надеваат на заштита на своите права а не сакаат да се партиски бројки никој ама баш никој не ги прашува за изборниот закон

Ако е тоа така и е нормално, зошто тогаш е ваква состојбата во општеството и државата?  Добра ли е состојбата каде ја упропастуваме иднината на нашите деца и уште со тоа треба да се фалиме?

Ги изоставувам приказните од штипскиот пазар зошто нивната острина често не се совпаѓа со колективниот занес на апатија и бегање од одговорност. Не сум сигурен дека е пријатна констатацијата кога продавачот на дињи ги фали своите производи, а при тоа вели дека не се расипливи како универзитетската професорка која за испит наплаќала 300 евра. Вели три години да стојат во подрум нема да се расипат толку. Еее, на пазар со сарказам се зборува за универзитетска професорка. А нејзината фела молчи и се оградува од коментари оставајќи институциите на системот да донесат одлука и притоа на сет глас велат дека институциите не функционираат. Да ѝ позавидиш на хипокризијата доведена до совршенство. После политичарите биле себични и за себе само мислеле. А ние господа на што мислиме кога гласаме за нив?

Ќе донесат изборен закон кој ним им одговара! Е, на кој да му одговара почитувани сограѓани? Нам да ни одговара? Па ние не кажуваме што е нашиот интерес. Каде имаше протест или истакнување на некоја граѓанска иницијатива за подемократски изборен процес? На плажа на Халкидики или во Саранда? Хедонизмот е само друг термин за неодговорност и свесно замижување пред процесите и состојбите. А кој велеше дека мора да се чува идентитетот? Па шарените чорапи и малешевското оро не се ни дел од големината на нашиот идентитет на неодговорна нација кон себе и потомците.

Реконструкција на влада е другиот збор кој кај нас стана институт и тоа научен, низ кој се затрупуваат неуспесите на сите влади до сега. Смешно звучат речениците со благодарност кон министрите кои се реконструирани. Па ако биле добри, зошто ги менувате? Ако е врвен критериум партиската спогодба и трговија, тогаш зошто ви се потребни министри. Вам ви требаат пренесувачи на партиските ставови кои лидерите ги преставуваат како партиски политики и достигнувања. Нешто како ДХЛ пошта. Барем еден реконструиран министер да беше критикуван дека не се снашол со обврските кои му биле дадени. Барем еден да беше даруван со такви карактеристики.

Нова енергија ќе донеле новите лица? Од енергија изгоревме на ова сонце, господа. Кажете каде и што новите министри постигнале и каде ги верификувале своите познавања и способности? Во партиските тела и форуми секако, ама тоа е за партиски функции. За водење држава и државни институции потребни се поинакви гаќи и други колани. Министер за земјоделие ќе бил некое момче кој никаде не ги објавил своите идеи и модели за зголемување на производството на храна. Ако ги објавел, ќе требало и да ги одбрани пред стручната јавност. Вака, ни лук јал, ниту на лук мирисал. Да не го навредиме само него, туку скоро исти се и другите нови министри. Партиите така се договориле и готово.

Опозицијата заплеткана во сопствените проблеми, освен покачување на политичката температура не поведува процеси и не брани модели и политики.

Ми замеруваат моите почитувани сограѓани зошто постојано ги критикувам граѓаните, наместо политичките партии и политичарите. Не ги критикувам според очекувањата, зашто тие се производ на сите наши недоследности и погрешни разбирања на состојбите. Ние бараме тие да направат реформи за да ни биде подобро, а дома ниту реформ-торта не правиме, туку се вративме на пресни погачи и се убедуваме себеси дека со тоа го чуваме наследениот идентитет.

Еее, така и ни треба. Гриземе од погачите и пцуеме зошто не можеме да си ги видиме децата или внуците. Пцуеме, ама во себе повеќе, зошто ако пцуеме гласно некој ќе нѐ праша зошто само пцуеме, а ништо друго не правиме. Од одговорите се плашиме, не од прашањата.

 


Текстот е личен став на авторот | ЦИВИЛ МЕДИА


Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ.

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА.

Tags: владаизбориреконструкцијареформи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ