• Latest

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home PR & PUBLIC AFFAIRS

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026 12:25
in PR & PUBLIC AFFAIRS
Share on FacebookShare on Twitter

Случајот „Мазут“ со месеци беше присутен во македонската јавност преку тврдења за финансиски злоупотреби, загадување на животната средина и наводно користење токсичен мазут. Но, со запирањето на истрагата поради недостаток на докази, се отвори прашањето што од овие сомнежи всушност било потврдено.

Според одлуката на ОЈО ГОКК, од прибраните докази не се утврдило дека осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставале на товар. Дополнително, не било утврдено ниту постоење на друго кривично дело кое се гони по службена должност.

Особено важен дел од случајот е прашањето за штетата. АД Електрани на Северна Македонија, која во постапката се водела како оштетена, во текот на процесот немала пријавено материјална штета. Тоа го отвора прашањето на што точно би се темелело тврдењето за финансиска штета доколку самата компанија не пријавила дека претрпела таква штета.

Од друга страна, официјалните податоци за работењето на ТЕЦ „Неготино“ покажуваат дека повторното активирање на централата во услови на енергетска криза имало и економска димензија. Во 2022 година ТЕЦ „Неготино“ остварила добивка од приближно 2,25 милијарди денари, односно околу 36,5 милиони евра.

Анализите на професори од ФЕИТ, пак, покажуваат дека доколку во критичниот период електричната енергија наместо преку производство во ТЕЦ „Неготино“ се обезбедувала преку увоз, трошокот би бил околу 880 милиони евра. За набавката на мазут биле издвоени околу 167 милиони евра.

Тоа значи дека прашањето за мазутот не може да се гледа само низ призма на неговата набавна цена, туку и низ поширокиот контекст на енергетската криза и потребата државата да обезбеди доволно електрична енергија.

Останува и еколошкиот аспект. Во јавноста во текот на истрагата се говореше за „токсичен мазут“ и загадување предизвикано од работењето на ТЕЦ „Неготино“. Но, според официјалните извештаи од ТЕЦ „Неготино“, во периодот опфатен со истрагата не било регистрирано загадување на воздухот од централата.

Дополнително, државата има пропишани стандарди за квалитетот на течните горива. Кај мазутот се контролираат параметри како содржина на сулфур, вода, пепел, седименти, точка на палење, калориска моќност, вискозитет и карбон. Во конкретниот случај не било утврдено надминување на пропишаните гранични вредности.

И финансискиот дел од истрагата е важен. Според достапните информации од истрагата и објавените наоди, не било утврдено калкулирање со испораката во однос на дневно утврдените цени на мазутот. Не било утврдено ниту дека динамиката на испораките предизвикала прекини во производството на електрична енергија.

Напротив, во текот на истрагата претставници на ЕСМ и ТЕЦ „Неготино“ дале позитивни оценки за испораките, посочувајќи дека снабдувањето со РКМ се одвивало подобро од она со претходните добавувачи.

Оттука, по запирањето на истрагата, останува дилемата: ако нема утврдена штета за ЕСМ, ако не е докажано загадување од ТЕЦ „Неготино“, ако не е утврдено дека мазутот ги надминувал законските параметри и ако не се обезбедени докази за кривичните дела за кои се сомничеле лицата, на што конкретно се темелеше целата приказна за случајот „Мазут“?

Крајниот збор во постапката ќе го има Вишото јавно обвинителство, но фактите што досега се објавени оставаат простор јавноста да го постави токму ова прашање.


PR & PUBLIC AFFAIRS | Во оваа рубрика се објавуваат промотивни, спонзорирани, партнерски и институционални содржини. Текстовите се јасно означени (ПР содржина) и не претставуваат редакциски став на ЦИВИЛ МЕДИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ