• Latest
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026 11:58
in КОНТЕКСТ, КОНФЛИКТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Злосторникот и соучесниците

Злосторникот и соучесниците

Share on FacebookShare on Twitter

Смртта на Ратко Младиќ, поранешниот командант на Војската на Република Српска, го врати фокусот на балканската и светската јавност кон најмрачните страници од поновата европска историја. Осуден на доживотен затвор пред Меѓународниот кривичен трибунал во Хаг, Младиќ ги помина последните години од својот живот зад решетки, соочувајќи се со правдата за геноцидот во Сребреница, опсадата на Сараево и безбројните воени злосторства.

Пред да биде осуден, Ратко Младиќ ја предводеше воената кампања која остави десетици илјади мртви и милиони раселени луѓе низ Босна и Херцеговина помеѓу 1992 и 1995 година. Неговата бруталност како воен командант се манифестираше низ неколку клучни злосторнички потфати кои засекогаш го променија демографскиот лик на регионот:

Под команда на Младиќ, главниот град на БиХ беше под опсада 1.425 дена – најдолгата опсада на главен град во модерната историја. Цивилите беа секојдневна мета на снајперисти и артилериски оган од околните ридови. Во текот на опсадата загинаа над 10.000 луѓе, меѓу кои повеќе од 1.600 деца.

Опсадата на Сараево траеше 1425 дена.

Во јули 1995 година, силите на Младиќ ја зазедоа заштитената енклава на ОН, Сребреница. Во деновите што следеа, под негова директна контрола, систематски беа егзекутирани повеќе од 8.000 бошњачки мажи и момчиња. Ова беше најголемиот масакр на европско тло по Втората светска војна, недвосмислено класифициран како геноцид од страна на меѓународните судови.

Поточари, општина Сребреница, БиХ

Во општините ширум БиХ (како Приједор), силите на Младиќ спроведуваа безмилосни кампањи за етничко чистење, придружени со масовни убиства, силувања и затворање на несрпското население во озлогласени концентрациони логори како Омарска, Кератерм и Трнопоље.

Омарска, концентрационен логор, 1992, БиХ.

Во 1995 година, како одговор на воздушните напади на НАТО, силите под негова команда зедоа над 200 припадници на мировните сили на ОН како заложници, врзувајќи ги за стратешки воени цели како жив штит.

По години поминати во бегство, тој конечно беше уапсен во 2011 година, а во 2021 година Меѓународниот механизам за кривични судови ја потврди неговата доживотна казна затвор.

Реакции по повод смртта на злосторникот

Многумина сметаат дека правдата за неговите жртви никогаш не може целосно да биде задоволена. Познатиот македонски новинар и колумнист Бранко Тричковски ја долови оваа огорченост со една кратка, но исклучително силна реченица:

„Смртта на најстрашниот ѕвер во повоена Европа доцнеше цели 85 години!“

Додека хашките пресуди го документираа неговото учество во етничкото чистење, масакрите и тортурата како инструмент на војната, негирањето на овие злосторства продолжува да живее во одредени националистички кругови.

Осврнувајќи се на оваа страшна реалност, бугарскиот аналитичар Владимир Владимиров истакнува дека вистината за Младиќ е пред сè застрашувачка. Тој потсетува дека зад правните статистики стојат уништените судбини на илјадници убиени цивили во Сребреница и Сараево, нарекувајќи го Младиќ монструм кој го претворил теророт во инструмент на војната. Владимиров остро ја критикува Србија за отсуството на искрено покајание и за континуираното глорифицирање на воените злосторници од страна на политичарите кои се морални наследници на тој режим.

„Ратко Младиќ веќе го нема. Тој е во Пеколот… Но неговите жртви и солзите остануваат засекогаш! За мртвите – добро или ништо. Освен вистината. А вистината понекогаш е застрашувачка!“, заклучува Владимиров.

Дека културата на релативизација не е изолиран проблем кој постои само во рамките на српското општество, сведочи и начинот на кој смртта на овој воен злосторник беше пренесена во дел од медиумите во Северна Македонија. Фокусирањето на неговата здравствена состојба наместо на неговите злосторства отвора сериозни прашања за медиумското влијание од Србија.

Новинарот и медиумски аналитичар Петрит Сарачини ја критикува ваквата медиумска амнезија. Тој на веб страницата ИМА забележува дека дел од медиумите детално известувале за болеста на Младиќ и за барањата на Србија за негово ослободување од хуманитарни причини, намерно изоставувајќи го фактот дека тој е директен наредбодавач на геноцид и етничко чистење.

„Напишаа сè, само не напишаа ЗОШТО Младиќ беше во притворот во Хаг“, напиша Сарачини.

Тој го оцени ваквото известување како очигледен доказ за силното влијание на пропагандата на „српскиот свет“ во медиумскиот простор во Северна Македонија.

И претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ, инаку и самиот колумнист и поранешен новинар, ја препозна оваа состојба и излезе со остра оценка на социјалните мрежи.

Хоџиќ потсетува дека историјата Ратко Младиќ ќе го запамти како како воен злосторник осуден на доживотен затвор за најтешките злосторства извршени на европско тло по Втората светска војна, според пресудата Меѓународниот кривичен суд во Хаг.

Но вчерашниот ден покажа уште нешто, констатира Хоџиќ: Дел од медиумите, оние медиуми на “српскиот свет” во Северна Македонија, се обидоа преку смртта на Ратко Младиќ да го релативизираат “ликот и делото” на нивниот “генерал”.

„На социјалните мрежи можеше да се види дека сепак идејата и иделогијата на воениот злосторник уште живее кај одреден број граѓани и во нашето општество“, пишува Хоџиќ.

Според него, сепак, вистината која цел свет ја сведочеше пред само неколку децении, не е можно да биде ниту сменета, уште помалку релативизирана.

„Тоа што монструмот осуден на доживотен затвор поради воени злосторства е и понатаму ‘генерал’ за медиумите на ‘српскиот свет’, веќе не кажува ништо за умрениот воен злосторник, туку кажува за вредностите на медиумите на ‘српскиот свет’ кои ги пропагираат во Северна Македонија“, критикува Хоџиќ.

Но тој верува дека ваквата идеологија ќе биде поразена. 

„Ние ќе ја поразиме иделогијата на фашистите кои и денес на социјалните мрежи глорифицираат геноцид, војни злосторства, етнички чистења. Ќе ја поразиме идејата на фашистите дека е ‘херојство’ ако убиваш деца, жени и немоќни цивили“, напиша Хоџиќ.

Никогаш да не се заборави

Заминувањето на Ратко Младиќ го означува крајот на еден животен пат исполнет со терор и деструкција, но битката за историската вистина очигледно не е завршена.

Човечката, правната и политичката одговорност во современите демократски општества налага да не дозволат злосторниците да се претворат во херои и маченици. Помнењето на Сребреница, Сараево и стотиците илјади уништени животи мора да остане гласен одговор кон сите обиди за негирање. Не смее да се дозволи ваквите ѕверства да бидат заборавени, за да не се повторат никогаш повеќе.

Џ. Дерала

 


ЦИВИЛ МЕДИА


Неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ.

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ