• Latest

Резултатот од анкетата за референдумот предизвикува доза на оптимизам

August 9, 2018

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Резултатот од анкетата за референдумот предизвикува доза на оптимизам

August 9, 2018 10:21
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Разликата од 6,4 проценти во корист на анкетираните граѓани во Македонија кои би дале поддршка на референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на Договорот од Преспа“, се чини предизвикува доза на оптимизам во Атина и Скопје.

Ова е оценката на дел од грчките медиуми кои ја пренесуваат анкетата за референдумот во Македонија. Според резултатите од испитувањето на јавното мислење кое за МЦМС го спроведе агенцијата М-проспект во периодот од 24 јули до 1 август, поддршка за референдумското прашање би дале дале 41,5 проценти, а против се изјасниле 35,1 проценти.

„Анкета – ПЈРМ: Водство на оние што би гласале „да“ на референдумот“; „Со 41.5% е во предност „да“ за прашањето за името на ПЈРМ, според анкета“; „Поделени граѓаните во ПЈРМ во пресрет на референдумот“; „Истражување – ПЈРМ: Водство од 6.5% за „да“ за Договорот од Преспа“; „Во Скопје, во водство е „да“, избори се можното сценарио“, се дел од насловите во вчерашните онлајн изданија на грчките медиуми.

– Веруваме дека мнозинството граѓани на референдумот ќе се изјаснат за Македонија како членка на ЕУ и НАТО и дека ќе порачаат до избраните пратеници дека тоа е иднината која им ја посакуваат на своите деца и на своите семејства, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за одбрана Радмила Шекеринска во синоќешното интервју за Канал 5 телевизија.

Таа посочи дека неколку пати кажале дека ќе ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани.

– Сакаме да ги консултираме граѓаните околу имплементација на Договорот со Грција, која подразбира уставни измени кои ќе ги прави Собранието на РМ. Сметавме дека каков и да биде референдумот клучната порака, клучната политичка одлука која ја донесовме и во соработка со најголемиот дел од парламентарните политички партии е дека ќе го слушнеме гласот, мислењето на мнозинството граѓани и дека истото ќе го почитуваме, рече Шекеринска.

Сите главни политички партии, потенцира, се изјаснија во поддршка на одржувањето на референдум. Таа рече дека најголемата опозициска партија десет години зборува за потребата од референдум.

– Со каков образ ќе излезат во јавноста и ќе им велат на граѓаните да не излезат да гласаат, да не учествуваат на референдумот за кој дискутирале десет години. Ако сите политички партии кои тврделе дека референдумот е добар за Македонија, ако сите политички партии реално ги повикаа своите избирачи, симпатизери да излезат и да ја искористат шансата на овој референдум тој ќе биде целосно успешен, нема дилеми, но, не смееме од друга страна изјаснувањето да го направиме да биде заложник на нечии туѓи политички математики, посочи Шекеринска.

Во Грција, пак, коалицискиот партнер во Владата на Алексис Ципрас и министер за одбрана, Панос Каменос се закани дека пред Договорот од Преспа да дојде во Парламентот во Атина неговата партија „Независни Грци“ ќе ја напуштат Владата. Каменос, во интервју за радиото „Реал фм“, вчера уште еднаш го повтори ставот дека неговата партија нема да отстапи од позициите, како и дека би требало и грчките граѓани да можат на референдум да одлучат дали го одобруваат или не договорот.

Во меѓувреме, во Македонија во тек се подготовките за референдумот, а од денеска до 23 август почнува проверката на податоците во Избирачкиот список за неговото спроведување на 30 септември. Проверката на податоците може да го направат преку веб-страницата на Државната изборна комисија https://izbirackispisok.gov.mk/ и во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.

Политичката партија Левица вчера најави дека ќе го бојкотира референдумот за името и поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за распишување на референдум донесена од страна на Собранието на Република Македонија. Одлуката, според паријата, по неколку точки не е во согласност со Уставот, Законот за референдум, како и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на Венецијанската комисија. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ