• Latest

Ринкевичс по средбата со Димитров: Се надевам дека Северна Македонија ќе биде 28-та членка на ЕУ

April 22, 2021
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ринкевичс по средбата со Димитров: Се надевам дека Северна Македонија ќе биде 28-та членка на ЕУ

April 22, 2021 16:16
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија постигна неверојатен напредок во процесот на приближување кон Европската Унија и искрено се надевам дека ќе стане 28-та земја членка на ЕУ, изјави летонскиот министер за надворешни работи, Едгарс Ринкевичс по денешната средба во Рига со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

– По нашите разговори и информациите што ги добив за напредокот, реформскиот процес и по дискусиите за состојбата на Западен Балкан, можам да го потврдам нашиот цврст и непоколеблив став дека иднината на Северна Македонија е во Европската Унија. Веруваме дека е време и формално да започне процесот, со првата меѓу владина конференција со ЕУ, истакна Ринкевичс.

Тој посочи дека Летонија е подготвена континуирано да ја поддржува земјава како политички, така и практично со разни проекти за соработка.

– Мислам дека е одлично тоа што е направен неверојатен напредок со Преспанскиот договор и сме сведоци на овие процеси. Северна Македонија сега е полноправна членка на НАТО, таа е одличен партнер во поглед на сите прашања и е усогласена со заедничката надворешна политика на ЕУ, додаде Ринкевичс.

Димитров од своја страна нагласи дека добил уверување оти Летонија продолжува да ја поддржува нашата европска иднина и одржувањето на првата меѓу владина конференција што е можно побрзо, дури и во јуни.

– Јас се обидов да ги посочам сите аргументи и на некој начин да илустрирам зошто токму македонскиот случај ја исправува ЕУ пред тест, не само за изминатите пропуштени години, туку и заради нашето реформско портфолио, додаде Димитров.

На средбата, како што информираше Ринкевичс, станало збор и за регионалната безбедност и случувањата во регионот на Западниот Балкан, како и за прашања околу актуелната меѓународна ситуација.

Како што соопшти Секторот за европски прашања на средбата била повторена поддршката на Летонија за пристапување земјава во ЕУ и подготвеноста за споделување на сопственото искуство од процесот.

– Вицепремиерот Димитров нагласи дека политиката на проширување претставува најважната алатка на надворешната политика на ЕУ за промовирање на мир, стабилност и просперитет на европскиот континент, се додава во соопштението.

Според СЕП, соговорниците се согласиле дека е потребно заокружување на процесот за комплетирање на Европа преку интеграција на Западниот Балкан во ЕУ, за што Северна Македонија ги исполни сите барања за старт на пристапните преговори со Унијата.

– Во тој контекст, Димитров посочи дека Северна Македонија продолжува одлучно да ги спроведува реформските активности за реализирање на европската агенда, поради што е неопходно новата методологија за пристапни преговори, што воведува построги правила и зајакната условеност во клучните области, да биде операционализирана во евроинтегративниот процес на земјата, преку одржување на првата меѓу владина конференција со Унијата. Министерот Ринкевичс ја потврди латвиската цврста и непоколеблива поддршка на европската перспектива на Северна Македонија, потенцирајќи ја важноста на отпочнување на преговорите со Унијата, што поскоро. Тој изрази надеж дека токму нашата земја ќе биде 28-та земја членка на Унијата, се додава во соопштението на СЕП.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ