• Latest
Фото: Мета.мк

Родителите треба да ги учат своите деца кои се границите на приватност во физичкиот и во онлајн светот

December 8, 2022
Фото: МВР

МВР со силен апел: Петардите не се играчка – една грешка може да го промени животот!

December 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ ЦИВИЛ

Тркалезна маса на ЦИВИЛ: „Демократска отпорност: Стратегии и споделени решенија“ за проценка на демократските ранливости, зајакнување на институционалната, граѓанска и општествена отпорност

December 9, 2025

Обвинение за шпионажа и терористички акт за три лица за експлозијата во Ибар-Лепенец

December 9, 2025
фото: СДСМ, Венко Филипче

СДСМ стартува онлајн петиција против мигранти: „Време е народот да каже гласно НЕ!“

December 9, 2025

(ВИДЕО) Одбрана на демократијата 2025: Брифинг и разговор со Хедер Роберсон

December 9, 2025

Анкетната комисија ќе ја разгледува претставката на родителите на загинатите од „Пулс“: Бараат правда, одговорност и системски промени

December 9, 2025

ОДБРАНА НА ДЕМОКРАТИЈАТА: ХОРИЗОНТИ НА СЛОБОДАТА (ЦЕЛОСНА ПРОГРАМА)

December 9, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Борбите меѓу Тајланд и Камбоџа околу спорната граница се шират, додека бројот на жртви расте

December 9, 2025
Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

Украина подготвува нов мировен план – Зеленски повторно ја исклучува можноста за територијални отстапки

December 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на профилот на Антонио Кошта/Х

Кошта до Вашингтон: Сојузници не се закануваат дека ќе се мешаат во демократијата на своите партнери

December 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Родителите треба да ги учат своите деца кои се границите на приватност во физичкиот и во онлајн светот

December 8, 2022 19:33
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: Мета.мк

Фото: Мета.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Родителите треба да ги учат своите деца кои се границите на приватност во физичкиот и во онлајн светот, а во исто време, потребно е да се бара решение кое ќе обезбеди услуги за поддршка на младите. Ова се главните заклучоци од синоќешната дебата во Кинотека, во која учествуваа средношколци, откако претходно го изгледаа филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума, пренесува Мета.мк.

Дебатата која беше мошне интересна и ги предизвика младите на дискусија, ја водеше новинарот Гоше Николов, а на прашањата на младите, освен режисерката Дума, одговарше и Радмила Живановиќ, лиценциран психолог, европски акредитиран психотерапевт и магистер по комуникации. Настанот во Кинотека, со видео-обраќање го отвори Ендру Бренд, раководител на програми во Британската амбасада во Скопје. Проекцијата на филмот и дебатата беа дел од проектот „Кредибилни вести за оспособена младина“ кој го имплементира Фондацијата Метаморфозис со поддршка на UK AID на Британската влада и Британската амбасада во Скопје.

„Сестри“ обработува актуелна тематика, односно прикажува што се случува со младата генерација, вклучително и врсничкото/кибер насилството како дел од животот на младите. Дума раскажа дека филмот е снимен според вистинска случка од времето кога таа била средношколка. Приказната за пријателството на две неразделни тинејџерки, кое е ставено на тест кога ќе се вмешаат во случајно убиство на соученичка, беше предизвик за младите да прашаат кому да се обратат ако се жртви на насилство.

„Кога јас бев 15 годишна, во моето училиште една наша соученичка со која не се дружев премногу, беше снимена како има односи со момче. Дечкото беше прогласен за херој, а девојката мораше да го смени училиштето, својот личен опис за да се заштити себеси, и на крајот, мораше да се исели од Македонија, затоа што нејзините родители сметаа дека тоа е најдобро за неа“, објасни Дума.

Таа објасни дека во осудата на жртвата на насилството голема улога одиграле и медиумите вклучувајќи ги и националните телевизии, кои наместо да го осудат чинот, го објавиле видеото и станале дел од бранот на кибер насилство.

Овој настан бил инспирација за младата режисерка да го сними филмот „Сестри“. Кастингот траел шест месеци, па имала можност да влезе во светот на адолесцентите и да ги увиди нивните проблеми.

„Имаме одговорност кон ова затоа што ние не правиме ништо како општество. Ние треба да разбереме дека оваа генерација е родена со Интернет. Ние како повозрасни, не знаеме кој притисок е тоа. Ние потекнуваме од еден друг систем кој е остаток од екс ЈУ, построг систем. А оваа генерација нема никаква допирна точка со тој систем. Затоа треба да се смени тој однос, да се отворат педагозите кон оваа генерација и да чујат што им е потребно и така да допрат до нив“, рече Дума.

Психологот Живановиќ, пак, истакна дека филмот го претставува кибер насилството како ефект на одредени токсични системи, било да се на ниво на релации, возрасни или училиште.

„Она што кибер насилството го разликува од обичното, е тоа што многу брзо се прелева. Срамот е емоцијата која е во основа на било кој тип на насилство, посебно во нашата култура. Ние сме игнорантни кон овој аспект. Од срамот се појавува и страв, страв од отфрлање“, рече Живановиќ.

Според неа, низ филмот гледаме слики кои не сакаме да ги погледнеме, а филмот токму тоа го овозможува – да се влезе подлабоко во тие лични приказни на младите.

„Не можеме да чекаме општеството да ни помогне или пак, системите да созреат или да нè заштитат. Овде гледаме и непочитување на границите меѓу личното и приватното. Ние не знаеме како единки да комуницираме со почит и затоа сметам дека не е само технологијата таа која треба да научиме како да ја користиме, туку треба да го менуваме и ставот, односот едни кон други“, додаде психологот.

Според Живановиќ, при првите индикации дека нешто не е во ред со менталното здравје на адолесцентите, коментарите најчесто се – „Ајде бе, вие младите гледате сè и сешто“.

„Младите се стереотипизирани од возрасните. Не ги учиме кои се нивните граници на приватност и во физичкиот и во онлајн светот. Се случува исмејување, имаме приказна која се интензивира во онлајн светот, но реперкусиите се случуваат во физичкиот свет“, додаде Живановиќ.

Сите се согласија дека младите треба да знаат каде да пријават ако имаат проблем со каков било вид на насилство, но и треба да знаат што се случува потоа, откако ќе пријават. Според психологот, уште во четврто или во петто одделение децата треба да се информираат.

„Решението е во обезбедување услуги кои ќе бидат во функција на поддршка на младите. Ако одам јас кај психологот, треба да знам дека ќе ме заштити“, потенцира Живановиќ.

Младите учесници во дискусијата, прашаа каде да се обратат ако имаат проблем, поточно кому. Живановиќ одговори дека тоа треба да е некој возрасен, кому тие му веруваат и кој ќе им даде насока и нема да ги осуди.

„Тинејџерите/адолесцентите имаат тенденција да се одделат од родителите. Во филмот имаме голем степен на дисфункционалност и гледаме дека колку и да се труди родителот, не може да допре до детето. Како родители, треба да сме свесни за сите промени на детето. Може да препознаеме кога е расположено, а кога не, кога е затворено и не разговара. Треба да одржуваме контакт“, рече Живановиќ.

Темата на овогодинешното издание на 18. меѓународна конференција е-Општество.мк, во организација на фондацијата Метаморфозис, беше „Кибер отпорност за слобода и безбедност“. Настанот траеше два дена. Покрај прикажувањето на филот „Сестри“, во рамки на конференцијата имаше седум панел дискусии, два инспиративни говори, како и една ТВ дебата.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • 24 ЧАСА: Скопје вози во хаос; десничарската AfD исклучи член поради имитирање на Хитлер; Пендаровски ексклузивно за ЦИВИЛ: Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Безбедноста мора да ѝ служи на слободата – а не да ја замени!

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Кога вистината е непријатна: Што навистина изјави Пендаровски, а што му припиша владејачката ВМРО-ДПМНЕ

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ