• Latest

Рокот за договор за нова влада истекува в петок

August 10, 2020

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
Фото: sec.mk

ДИК: Излезеноста до 11 часот е 9,21 проценти, најголем е одзивот во Пробиштип со 22 отсто, најмала во Сарај – 1,86 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео објавено од министерот за одбрана Пит Хегсет на Х, на која се прикажани два брода кратко пред да бидат погодени од ракета, во Источниот Пацифик на 27 октомври 2025 година.

САД нападнаа уште еден наводен брод за трговија со дрога во Карибите, при што загинаа 3 лица

November 2, 2025
Скриншот од видео на
The White House

Трамп му нареди на Пентагон да „се подготви за можна акција“ во Нигерија

November 2, 2025

МВР: 10 пријави и 19 објави на социјалните мрежи за прекршување на изборниот молк

November 2, 2025
Скриншот од видео на
RTBF Info

Дронови забележани над воена база во Белгија по втор пат за 24 часа

November 2, 2025

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

November 2, 2025
Снимките се чини дека покажуваат украински хеликоптер како слетува на спорна територија во близина на Покровск на 31 октомври 2025 година. Фото: Оливер Керол / X

Зеленски тврди дека Русија распоредува 170.000 војници за напад во украинскиот регион Донецк, Сирски негира дека Покровск е опколен

November 2, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Повредени девет лица во напад со нож во воз во Велика Британија, полицијата уапси двајца осомничени

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Рокот за договор за нова влада истекува в петок

August 10, 2020 09:10
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжуваат разговорите меѓу политичките партии за формирање ново парламентарно мнозинство и понатаму без официјална потврда за евентуален договор. Тоа треба да биде направено најдоцна до петок кога истекува десетдневниот рок, по кој претседателот на државата треба да го додели мандатот за формирање влада, пренесува МИА.

СДСМ преку соопштение повтори дека ги продолжува разговорите за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат. Посветени сме за просперитет и долгорочна стабилност на Северна Македонија, велат од партијата, и додаваат дека е јасно оти државата нема друга алтернатива за интеграција, освен членството во НАТО и во Европската Унија.

– Во разговорите со политичката партија ДУИ целосно сме согласни за почитување на Договорот од Преспа со Грција, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и Охридскиот рамковен договор. Посветени сме на социјална кохезија, силно и толерантно општество, владеење на правото и согласни сме да се спротивставиме на сите форми на национализам и омраза. Разговаравме дека евентуалната заедничка владина програма мора да биде во согласност со Уставот, законите и изборните програми на СДСМ и ДУИ, појаснуваат од СДСМ.

Партиите, како што наведуваат, се согласни на прочистување на правосудството и на проверка на потеклото на пари и капитал кај секој функционер, по пат на систем што заеднички ќе биде договорен.

Во петокот попладне генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски имаше средба со организацискиот секретар на ДУИ Артан Груби со кого, како што соопштија, имале конструктивна дискусија за потврда на заложбите на сите граѓани за мир, стабилност, безбедност и соработка во земјата и регионот, здрави меѓуетнички и соседски односи, економски развој, правна држава, чиста животна средина и општествена благосостојба.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, и вчера преку соопштение побара СДСМ да излезе и јавно да каже дали има мнозинство во Собранието и дали ќе прави влада.

– Доколку не го направи тоа, значи дека тие ова што го прават е манипулирање со граѓаните. СДСМ ако сака да прави влада треба да се однесува транспарентно, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски викендов одговарајќи на новинарско прашање за преговорите за формирање нова Влада, рече дека имаат комуникација со сите политички партии и додаде оти не би навлегувал во детали за да не ги наруши процесите.
– Од она што можеше да се забележи имаше една средба меѓу претседателот Мицкоски и претседателот ДУИ, Ахмети која се одржа во Собранието траеше околу еден час, се разговараше за повеќе теми и не би сакал да навлегувам во детали да не наштетиме на процесите. Доколку и како ќе се развива ситуацијата натаму ќе бидете благовремено известени од наша страна, исто како што бевте транспарентно и минатиот пат. Инаку во однос на комуницирање со партиите ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период на пријателски начин тоа го прави со сите политички партии, наведе Арсовски.
Порака за што побрзо формирање на Владата вчера упати Организацијата на работодавачи, од каде потенцираа дека тоа е неопходно за да се донесат нов сет антикризни мерки. Се жалат дека сега се оставени сами да се справуваат кога голем дел од работниците се дома, или се позитивни на коронавирус или се во изолација. – Мора да се донесат сет на мерки со цел да се зачуваат работните места. Една од мерките по примерот на Германија е трошоците за работниците за четири часа да ги подмирува работодавачот, а останатите четири часа државата, изјави претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров.
Уставот предвидува претседателот на државата во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ