Сателитски снимки направени денеска покажаа дека руските копнени сили продолжија да се приближуваат до главниот град на Украина со воен конвој долг 27 километри, соопшти приватна американска компанија.
Maxar Technologies Inc соопшти дека во конвојот се стотици оклопни возила, тенкови, артилерија и возила за логистичка поддршка. Тој продолжил да се движи кон југ кон Киев.
Светските медиуми известуваат за обновени напади на Киев, а жителите на градот се упатиле назад кон засолништата откако се слушнале звуци од ракетни напади и се огласиле сирените за воздушниот напад.
Дописникот на Би-би-си од Киев вели дека базата од која испраќа извештаи од теренот била потресена од блискиот оган од проектил.
Според неговите проценки, се чини како борбите да се приближуваат до срцето на главниот град на Украина.
BREAKING: An explosion has been heard in Kyiv with air raid sirens ringing out across Ukraine’s capital amid Russia’s invasion.
Latest: https://t.co/X3flQUBL0r
? Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/Pg5mURqOZA
— Sky News (@SkyNews) February 28, 2022
Одделни видеа покажуваат експлозии во главниот град на Украина која го осветлува темното небо. Репортерите од терен известуваат дека во Киев се огласиле сирените за воздушен напад.