• Latest

Русковска: Акцијата во Грчец е пробиена, нарко-босовите се во бегство

March 26, 2021
Фото: АСтра/Х

Украинските дронови погодија две рафинерии за нафта и други цели низ Русија во текот на ноќта, соопшти Генералштабот на вооружените сили

August 28, 2025

Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Кијив

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на АВС7

Егзодус на неподобните здравствените експерти за Трамп: Отпуштена директорката на ЦДЦ, додека други функционери поднесоа оставки од здравствената агенција

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата

August 28, 2025
Фото: Архива

Унгарија ја тужи ЕУ за замрзнатите руски средства што ги користи за помош на Украина

August 28, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Цела ноќ масовен напад на рф врз станбени згради во Кијив, меѓу загинатите има деца

August 28, 2025
Трактор пред Филозофскиот гакултет во Нови Сад. Фото: Скриншот од видео на 021.rs/Х

(ВИДЕО) Утрово мирно пред Филозофскиот факултет во Нови Сад – полицијата сè уште го чува влезот, видливи знаци од вчерашните судири

August 28, 2025
Фото: Скриншот од виедо на ВВС

ФБИ го истражува пукањето во училиштето во Минеаполис како антикатоличко злосторство од омраза

August 28, 2025
Фотографија: СДСМ

Нови 11 кандидати за градоначалници на СДСМ

August 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Русковска: Акцијата во Грчец е пробиена, нарко-босовите се во бегство

March 26, 2021 12:48
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска одржи прес – конференција во врска со спроведената акција во јавноста позната под името „Планина“.

„За членовите на криминалните групи од село Грчец и општина Гази Баба се собираа докази една година. Се побараа наредби за посебни истражни мерки, следење на комуникации и посебни истражни мерки која е следење на приватен имот. Истражителите на обвинителството беа во техниката каде што се вршеше следењето на комуникациите кога имаа сознанија дека одредени лица ќе вршат продажба на наркотична дрога.  Со помош на одбрани лица на интервентната полиција беа запрени и им беше земена наркотичната дрога што ја лицата ја имаа купено. Дрогата беше одземена и дадена на вештачење ако ја земале за лична, а ако ја препродавале, кривична постапка во ОЈО во Скопје. Така цела година собиравме докази за сите членови на овие групи. Зборувам во множина бидејќи немаме докази дека биле поврзани. Откако сметавме дека за сите лица имаме доволно докази се организираше акција за нивно лишување од слобода. Во село Грчец се извршени претреси на 26 локации. Лишени се од слобода 13 лица од кои за 9 лица е определена мерка притвор, за 3 мерка куќен притвор и за 1 мерка на претпазливост. Од оваа група 5 лица ни се недостапни“, изјави обвинителката Русковска на денешната прес-конференција во врска со спроведената акција во јавноста позната под името „Планина“

За едно малолетно лице кое било дел од групата од село Грчец, ќе се води посебен предмет.

За  криминалната група од Гази Баба извршени се претреси на 9 места, од кои 8 лица се приведени и се наоѓаат во притвор, а по едно лице се трага. Од двете групи се одземени повеќе од 80.000 евра, 300.000 денари и 500 франци. За пронајдената наркотична дрога, вештачењето не е завршено, но околу 5 кг марихуана и 600-700 грама кокаин. Најголемиот број од парите и запленетата дрога се најдени при претресите извршени во Гази Баба, додека многу малку е пронајдено и одземено во село Грчец, затоа што поради посебни истражни мерки тие денес завршуваат, а се однесуваат за овие 6 лица по кои се трага, имаме информации дека акцијата во Грчец е пробиена. На местата каде имавме сознание дека се чува дрогата беше исчистено, со што полицијата не успеа да пронајде поголема количина дрога. Без разлика на количината на пронајдена и запленета дрога, располагаме со цврсти докази за сите лица за кои е почната истражна постапка. Од почеток знаевме дека нема да најдеме голема количина, па затоа за секого поединечно собиравме докази. Одземени се само 3 возила, 2 од Грчец и една од Гази Баба. Најлуксузните возила во Грчец се прикриени.

„Сакам да изразам благодарност на интервентната полиција, истражителите и едниците за интервенирање при МВР. Сакам да се заблагодарам за Министерството за здравство за брзите тестови за оние кои се лишени од слобода“ рече Русковска.

На новинарските прашања, обвинителката Русковска изјави дека немаат сознание дали лица од МВР биле вмешани, а од приведените нема „нарко-босови“, туку само купувачи.

Побарано е од надлежните полициски станици да им достават на Основното јавно обвинителство известувања дали овие лица се достапни или не. Доколку не се, по нив ќе се изрече притвор во отсуство, а по потреба и домашна и меѓународна потерница.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ