Шефот на Демократската партија Сали Бериша на прес конференција изјави дека ќе лобира да му се отстрани мерката „нон грата“ од САД, пренесуваат албанските медиуми.
Бериша изјави дека одлуката донесена против него е корумпирана и ќе инсистира кај новата администрација на Трамп да биде отстранета одлуката донесена, според него, по лобирањето на албанското мнозинство.
„Нагласив и нагласувам, додека администрацијата на Бајден беше на власт, решив да не лобирам ниту за момент.
Зошто? Затоа што го избрав судот и го ставив државниот секретар на суд.
Со големо жалење се одлучив за ова, но со целосно уверување дека тоа беше најправедната одлука што можев да ја преземам.
Значи, од 19 мај 2021 до 20 јануари 2025 година немам никакво лобирање, нула лобирање. Го следев судскиот процес.
Се разбира, со враќањето на претседателот Доналд Трамп во Белата куќа и промената на државниот секретар, без сомнение ќе вложам напори со оваа администрација да ја поништиме коруптивната одлука од горе до долу, заснована на корумпираното лобирање на Еди Рама и Џорџ Сорос, со единствена цел да ја ликвидираат вистинската опозиција во Албанија и да му ги предадат сите овластувања на Еди Рама.“, вели Бериша.
Д. Т.