Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија и Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ повикуваат на учество во манифестација со приклучување до телемост со светски ѕвезди „SAVE UKRAINE“.
Манифестацијата е посветена на прекинување на руска воена агресија во Украина на а ќе се одржи утре, на 27 март 2022 година (недела) пред големиот екран на Македонски Телеком на плоштад „Македонија“ќе се емитува телемаратонот за поддршка на Украина и украинскиот народ, со почеток во 17 часот.
За време на концертот ќе настапат украински (Jamala, Okean Elzy, MONATIK, Ruslana, DakhaBrakha, Kalush, Go A) и светски ѕвезди, меѓу кои Sting, Ed Sheeran, Bryan Adams, U2, Madonna, Imany, Imagine Dragons, Rod Steward, Elton John и многу други.
Во многу земји на светот, телемаратонот ќе се емитува на националните телевизии, во центрите на градовите и слично.
ЦИВИЛ – Центар за слобода се придружува кон повикот на украинската Амбасада во земјава и Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ со повик до сите активисти и хумани луѓе да и се приклучат на акцијата.