СДСМ достави документи до Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК)) и бараат итна постапка за скандалозниот тендер во МВР!
„Секој ден власта ја тресат корупциски скандали. Буквално смрди на коруцпија во врвот на власта. Последен е скандалозниот тендер во МВР од 4 милиони евра кој го добива и фирма основана 20 дена пред распишување на тендерот. Фирма без искуство, без капацитет, а вчера видовме и дека е без седиште. Фаном фирма ли е?“, вели Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
Таа прашува како е можно ваква фирма да добие тендер за специјализирана опрема за полицијата?
„Ова е огромен скандал поврзан со Панче Тошковски кој бара итна институционална реакција. Денеска сме пред ДКСК, да побараме итно постапување по овие сериозните сомнежи за корупција. Ќе и предадеме документи. Да се истражи до крај, дали станува збор за местен тендер, однапред договорен? Чии интереси стојат зад овој тендер вреден 4 милиони евра? ДКСК мора да отвори предмет, да ги истражи сите факти и конечно – да обезбеди одговорност. Време е ДКСК да покаже дека не се неми набљудувачи на криминалот, туку бранители на јавниот интерес“, заклучи Кузеска.